Спорт
Пандев: Рапаиќ ми помогна многу кога ми беше најтешко во Италија
Горан Пандев (41), еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња, речиси целата своја кариера ја мина во Италија. Таму ја освои тројната круна со Интер предводен од Жозе Мурињо, два пати го освои Купот на Италија со Наполи, а остави голема трага во Лацио и Џенова.
Во емисијата „Моите топ 11“ се присети на својот тежок почеток во Италија и на човекот кој му помгнал. .
Во сезоната 2003/04, тога 20-годишниот Пандев дојде во Анкона, каде ѕвезда беше десет години постариот Мики Рапаиќ. Пандев го стави во идеалниот тим на на кариерата, а објасни и зошто: „Милан Рапаиќ бидејќи додека бев во Анкона многу ми помогна во кариерата. Имав финансиски проблеми бидејќи клубот не ни ги исплаќаше платите и тој ме зеде да да живеам кај него Тој е прекрасен човек и пријател.
Бев дете кое не зема плата и немав пари, па не можев да си ја платам киријата. Потоа ме покани да живеам кај него и останав таму половина година. Тој исто така ме „турна“ во тимот. Тренер ни беше Џовани Галоне, кој го тренираше Рапаиќ во Перуџа, а Мики му рече:
„Мистер, гледате како му оди на малиот на тренинг, пушти го да игра“. А потоа дојде првиот натпревар против Болоња. Пред натпреварот Мики ми приоѓа и ми вели: Мали, денес играш од прва, не ме разочарувај! Јас му дадов гол на Џанлука Паглиука, не го разочарав“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

