Регион
„Жолто го*но“ – приведена жена од Сплит која нападнала кинеска туристка во продавница поради расистички мотиви

Сплитската полиција соопшти дека 43-годишна жена е уапсена по истрагата за инцидентот што се случи во јуни. Станува збор за расистички испад пред продавница во Сплит кон кинеска туристка и нејзиното момче.
Како што изјавија за „Индекс“ вчера од ПУ на Сплит-Далмација, за настанот дознале преку видео објавено на „Ток-ток“ од жената која во јуни била на одмор во Сплит.
„По медиумското објавување видео од социјална мрежа, на кое се гледа нарушување на јавниот ред и мир на особено дрзок начин со јасно изразена дискриминација врз основа на раса, спроведовме кривична истрага која резултираше со утврдување на идентитетот и потоа приведување на сторителот“, соопшти полицијата.
@empathicweeb Replying to @luka brasi THERE IS NO FULL VIDEO BECAUSE I DID NOT EXPECT TO GET SPIT ON WHILE BEING IN A SUPERMARKET. AND MY BRAIN DID NOT REACT FAST ENOUGH TO PULL MY PHONE OUT ABD START FILMING WHILE SHE WAS INSULTING US. #splitcroatia #storytime ♬ original sound – EmpathicWeeb
Како што се додава, констатирано е дека се работи за 43-годишна жена која денеска со обвинителен акт ќе биде изведена пред општинскиот суд.
„И покрај напорите што ги вложивме, до овој момент не успеавме да стапиме во контакт со оштетените“, соопштија од полицијата.
Туристка од Азија на „Тик Ток“ објави видео снимки од расистички напад што го доживеала во супермаркет, кога непозната жена ја плукнала и рекла дека е „жолто го*но“. Имено, како што сподели туристката во своето видео „Тик Ток“, непозната жена и пришла додека купувала вода во продавница и во таа прилика ја нарекла со погрдно име, додала дека „нема права во Европа“, а потоа ја плукнала.
@empathicweeb The police did nothing. The employees at the supermarket did nothing. So I hope the power of the internet can do something. #notoracism #splitcroatia ♬ original sound – EmpathicWeeb
Жената потоа излегла од продавницата, по туристката и нејзиното момче. Азијката тврди дека жената надвор од продавницата го плукнала и момчето и почнала дополнително да ги навредува.
„Е*ена кукавица. На кого ќе пријавите? Шенген? Европол, Интерпол? – рекла жената покажувајќи го средниот прст.
Вчера од полицијата за „Индекс“ изјавија дека во тек е кривична истрага и дека полицијата има нулта толеранција за ваквото однесување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, денес изјави дека алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, откако српскиот лидер Милорад Додик објави дека ќе побара од Москва да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.
Шеќеринска изјави дека НАТО е „трајно посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.
Таа додаде дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на бошњачкиот член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој се сретна со претставничката на НАТО.
„Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ООН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Шеќеринска.
Регион
Албанска министерка го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење

Министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење во ресторан во САД, објавува „Спутник“.
Таа потврди на социјалните мрежи дека го сторила тоа врз основа на пријавата на албански државјанин кој живее во Њујорк, каде што бил во посета нејзиниот заменик Анди Махила. Како што изјави, тој пушел цигара во ресторанот „што предизвикало немир кај присутните“.
Албана Кочиу е првата жена на чело на полицијата во историјата на Албанија, а во претходната влада беше министерка за здравство.
Фото: принтскрин
Регион
Улиците во Белград оштетени за време на воената парада

Јавното комунално претпријатие Белград (ЈКП) доби наредба денес да излезе на терен и да започне со поправка на патиштата оштетени за време на воената парада „Силата на единството“ во саботата во српскиот главен град.
Членови на кабинетот на српскиот министер за одбрана и Секторот за инфраструктура и стандардни услуги вчера ја посетија рутата на парадата со претставници на Град Белград, Јавното комунално претпријатие Путеви Београда и ЈКП Белград за да ја утврдат штетата предизвикана за време на подготовките и одржувањето на парадата.
На жителите на Белград претходно им беше ветено дека сè ќе биде вратено во првобитната состојба, објавува Нова.рс.
Во саботата во Белград се одржа воена парада насловена како „Силата на единството“, на која учествуваа околу 10.000 војници. На парадата присуствуваа претставници на српскиот државен врв, предводени од претседателот Александар Вучиќ.
фото: принтскрин