Свет
Бајден: Ако Трамп победи, тоа е реална опасност за безбедноста на Америка

Американскиот претседател Џо Бајден во интервју изјави дека неговиот претходник во Белата куќа, републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, е реална опасност за безбедноста на Америка доколку биде избран на 5 ноември.
„Слушајте ме внимателно. Ако победи на тие избори, гледајте што ќе се случи. Тоа е опасно. Тој е вистинска опасност за безбедноста на Америка“, изјави Бајден за „Си-би-ес“.
Бајден се повлече од претседателската трка и ѝ го отстапи местото на потпретседателката Камала Харис.
„Се наоѓаме на пресвртница. Навистина сме на пресврт… а демократијата е клучен елемент“, додаде Бајден во разговорот снимен пред неколку дена во Белата куќа.
Тогаш изгледаше подобро отколку на дебатата со Трамп на „Си-ен-ен“ на 27 јуни.
„За време на таа дебата имав навистина, навистина лош ден бидејќи бев болен, но немам никакви сериозни здравствени проблеми“, изјави тој на новинарот на „Си-Би-Ес“ на прашањето за тоа.
Три недели по неговиот катастрофален настап во дебатата, Бајден на 21 јули објави дека се повлекува од изборната трка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Израелците објавија снимка: „Ги убивавме вооружените милитанти кои ја преминаа Жолтата линија“

Израелската армија (ИДФ) објави дека вчера убила неколку вооружени палестински милитанти кои им се приближиле на израелските сили во северниот дел на Појасот Газа.
Според соопштението, група вооружени мажи ја преминале таканаречената Жолта линија, до која израелската армија се повлече според условите на сегашниот прекин на огнот, во областа Беит Лахија во северна Газа и претставувале непосредна закана за силите.
תיעוד: חוסלו מהאוויר מחבלים חמושים שנעו לעבר כוח צה״ל בצפון רצועת עזה
מוקדם יותר היום, זוהו מספר מחבלים חמושים אשר התקרבו לכוחות צה"ל הפועלים במרחב בית לאהיא מעבר לקו הצהוב, והיוו איום מיידי לכוחות.
בהתאם להסכם, צה״ל תקף באמצעות כלי טיס של חיל האוויר, את המחבלים שחצו את הקו… pic.twitter.com/0nuvTtuGAs
— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) October 19, 2025
Во согласност со договорот, соопшти израелската армија, вооружените лица биле цел на напади со беспилотни летала за да се отстрани заканата.
Армијата, исто така, објави видео од нападот.
фото: принтскрин
Свет
Израел ја запре испораката на помош за Појасот Газа

Израел ја запре испораката на хуманитарна помош за Појасот Газа поради, како што наведуваат израелските безбедносни власти, „очигледно прекршување на примирјето од страна на Хамас“, пренесоа агенциите.
„Трансферот на хуманитарна помош е стопиран до понатамошно известување“, изјавил израелски безбедносен претставник, пренесе „ДПА“. Израелската војска соопшти дека милитанти во неделата нападнале израелски војници на југот и северот на појасот, користејќи и противтенковска ракета.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху им наредил на војниците да преземат одлучни мерки против терористички цели, откако се појавиле извештаи за нападите.
Според Ројтерс, Нетанјаху ја донел одлуката по консултации со министерот за одбрана и безбедносните служби.
Хамас ги негираше нападите и го обвини Израел за кршење на примирјето и за „измислување изговори“ со цел да ги оправда своите акции.
Примирјето, што стапи во сила на 10 октомври, предвидуваше зголемена испорака на помош — до 600 камиони дневно — но по новите инциденти Израел целосно ја прекина испораката.
Свет
Руси: Започнавме со ослободување на градот Херсон

Владимир Салдо, нелегалниот руски гувернер на Херсонската област, изјави за ТАСС дека „руските вооружени сили започнаа со ослободувањето на Херсон од украинската армија“. Според него, „индустриската зона и викендичките на островите во долниот тек на реката веќе се под руска контрола“.
Нелегално прогласениот гувернер објасни дека неколку делови од градот се наоѓаат на левиот брег на реката Днепар и се под контрола на руските вооружени сили. Тој нагласи дека овие области се главно индустриски зони, а покрај тоа, „руската војска контролира голем број викендички“.
„На островите што се наоѓаат во долниот тек на Днепар, од Херсон па сè до Црното Море, има доста голем број летниковци. Сите тие се исто така под контрола на (руските) вооружени сили. Затоа, ослободувањето на самиот град Херсон веќе започна“, рече Салдо.
Тој изјави дека руските трупи ја контролираат индустриската зона Херсон на левиот брег на реката Днепар, како и населбите со дачи на островите во долниот тек на реката.
фото:илустрација