Спорт
Драма на ОИ: славејќи го златниот медал, доживеал срцев удар

Узбекистанецот Тулкин Киличев доживеал срцев удар и за малку ќе умрел на Олимписките игри во Париз. Животот му го спасиле колегите од бртанскиот тим.
Со свечена церемонија во неделата синоќа официјално завршија Олимписките игри во Париз.
Набргу потоа во британските медиуми се појави шокантна приказна за селекторот на боксерската репрезентација на Узбекистан, Тулкин Киличев.
Во четвртокот на 8 август Хасанбој Дусматов стана олимписки шампион, а Тулкин Киличев за малку ќе умрел. На селекторот Киличев за време на прославата му се слошило, имал инфаркт, а животот му го спасиле колегите тренери од британската боксерска репрезентација.
Се се случувало во просториите на тенискиот центар Ролан Гарос, каде се одржуваше турнирот во бокс на ОИ во Париз.
Британците навремено реагирале, му пружиле прва помош и веднаш повикале лекарска екипа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Драма до последен миг: Пелистер славеше над Вардар со 32-30

Големата битка за титулата во плеј-офот заврши со триумф на Пелистер, кој славеше со 32-30 против Вардар во неизвесен и драматичен натпревар. Битолчани ја освоија својата деветта титула и трета по ред, предводени од Кузмановски со седум гола, додека Борозан од Вардар реализираше осум, но промаши клучен пенал во финишот.
Вардар имаше водство со пет гола разлика во првиот дел. Сепак, Пелистер се врати во игра и на полувреме резултатот беше 17-15 за Вардар. Во второто полувреме, двете екипи разменуваа голови, а драмата кулминираше во последните минути, кога Вардар имаше шанса за израмнување, но промаши пенал. Пелистер ја искористи грешката и го потврди триумфот.
Спорт
Гоф ја „сврти“ Сабаленка за титулата на Ролан Гарос

Американската тенисерка Коко Гоф го освои Ролан Гарос, победувајќи ја Арина Сабаленкa во финалето.
Гоф ја освои втората Гренд слем титула во кариерата по пресврт – 6:7 (5), 6:2, 6:4.
Таа го имаше своето деби на Отвореното првенство на САД во 2023 година, кога го доби финалето над Белорусинката. Тој сега има скор од 6 победи и 5 порази.
Гоф играше и во финалето на Ролан Гарос во 2022 година, но тогаш немаше шанси против Ига Швионтек, четирикратната шампионка.
Спорт
Марк Маркез ја освои пол позицијата во Арагон

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на спринт трката што се одржа во рамките на Големата награда на Арагон, осмата рунда од овогодинешното првенство на Мото ГП.
Осумкратниот светски шампион ја постигна својата седма победа во спринтот оваа сезона на патеката Арагон, а се врати на највисокото скалило на победничкиот подиум откако беше престигнат од неговиот помлад брат Алекс пред две недели во Силверстоун.
Алекс беше главниот конкурент на постариот Маркез во Арагон, но нивната борба не траеше долго и возачот на Гресини мораше да се задоволи со второто место, околу две секунди зад својот брат. На третото скалило на подиумот беше Фермин Алдегер, соиграч на помладиот Маркез, кој беше околу две секунди понапред.
Акцијата на патеката „Моторленд“ продолжува во недела од 11 часот, а трката во кралската класа е на програмата од 14 часот.