Забава
(Видео) Кавга на актерите, омразена Блејк Лајвли… Ова е најконтроверзниот филм во моментот
Новиот филм It Ends With Us стана вистински хит во кината и на социјалните мрежи по неговата премиера. Главните улоги во филмот ги толкуваат Блејк Лајвли и Џастин Балдони, но вниманието од филмот се префрли на наводните тензии и несогласувања меѓу главните актери.
@blakelivelylove Our favorite couple at the “It Ends With Us” premiere in New York 💐 #blakelively #blakelivelyandryanreynolds #ryanreynolds #itendswithus ♬ lover – ౨ৎ
Во изминатите неколку дена „Тик-ток“, „Редит“ и „Икс“ беа преполни со шпекулации за можна расправија помеѓу Лајвли и Балдони. Тоа сега го потврдија и извори од филмската индустрија, пишува „Бизнис-инсајдер“.
@genevieve.tankosich Deep diving all the IT ENDS WITH US drama #itensswithus #itendswithusmovie #itendswithusdrama #blakelively #justinbaldoni #ryanreynolds #justinbaldoniblakelively #blakelivelyryanreynolds #celebritygossip #celebritynews #popculture #popculturenews #celebgossip ♬ original sound – GENEVIEVE
Шпекулациите за лошиот однос меѓу двајцата почнаа да се шират откако многумина забележаа дека тие двајца не го промовираат филмот заедно.
@celebrity.nick Why do Blake Lively and Justin Baldoni not get along?#celebrity #usa #foryou #fyp #tiktok #blakelively #justinbaldoni ♬ original sound – celebrity.nick
Тие никогаш не се појавија заедно, ниту беа фотографирани за време на промотивниот дел од турнејата. Лајвли соработуваше со нејзините колешки на новинарски настани, како и со Колин Хувер, авторката на книгата на која се базира филмот. Балдони, пак, најголем дел од промотивните активности и појавувања ги правеше сам.
@metroentertainment What do you think? 🤔 Fans are speculating that there’s drama between @It Ends With Us co-stars Blake Lively and @Justin Baldoni. Whilst the pair were doing the usual rounds of press to promote their movie, fans couldn’t help but pick up on the fact that Justin didn’t have any photos with his cast mates during the red carpet premiere, including Blake. 👆🏼 Do you think there’s drama behind the scenes? Or are fans reaching this time? 📲 Follow us for popular entertainment content and more. 🎥: @zachaniff #blakelively #justinbaldoni #itendswithusmovie #drama #redcarpet #premiere #discussion #castmates #itendswithus #romance #dating #girltok #interview #gossipgirl #hughjackman #ryanreynolds #deadpoolandwolverine #movies #filmtok #gossip #tea #fyp #foryoupage ♬ original sound – Metro Entertainment
Наводно, конфликтот настанал кога Рајан Рејнолдс, сопругот на Блејк Лајвли, се вклучил во пишувањето на сценариото. Нагласено е дека Рејнолдс влијаел на носењето креативни одлуки со кои Балдони не се согласувал. Балдони, покрај тоа што беше главната улога во филмот, беше и негов режисер, а Лајвли и Рејнолдс беа продуценти. Многумина се сомневаат дека влијанието на познатата актерска двојка било значајно и дека Балдони не се согласувал со многу одлуки што биле донесени.
@tateytottz National DV hotline: 800-799-7233 or Text “BEGIN” to 88788 Resources by State: https://www.thehotline.org/get-help/domestic-violence-local-resources/ To Donate: https://ncadv.org/donate https://www.thehotline.org/donate/ Helpful information: https://www.dvawareness.org/about-dv https://www.thehotline.org/stakeholders/domestic-violence-statistics/ #itendswithus #colleenhoover #blakelively #justinbaldoni #dva #dvawareness #domesticviolenceawareness #domesticabuseawareness #dvsurvivor #foryou #foryoupagе #fyp #greenscreen ♬ original sound – tatum
Блејк Лајвли е на удар на јавноста бидејќи многумина тврдат дека ја искористила промотивната турнеја на филмот за да ги промовира своите производи за нега на коса, наречени „Блејк браун“. На социјалните мрежи многумина истакнуваат дека маркетиншката кампања на филмот била погрешна од нејзина страна бидејќи го прикажува како забавен и романтичен филм притоа игнорирајќи ја важната тема за семејното насилство за која, всушност, зборува филмот.
@livmackenzie*this was from their official it ends with us tiktok page but it would not let me upload my stitch because they privated the video. we still saw it.♬ original sound – liv mackenzie
На социјалните мрежи многу корисници ги изразија својот гнев и разочарувањето нарекувајќи ја маркетинг-кампањата „неморална и неетичка“ и тврдејќи дека целосно ја промашила поентата на филмот и она што го претставува. Од друга страна, многумина забележаа дека Балдони зазел посериозен пристап за време на промоцијата на филмот нагласувајќи го прашањето за семејното насилство и важноста на поддршката на жртвите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Тажни се“: родителите на Бред Пит се загрижени дека никогаш повеќе нема да ги видат своите внуци
Родителите на Бред Пит, Вилијам и Џејн, наводно се многу тажни бидејќи осум години немаат никаков контакт со внуците. Тие некогаш беа важен дел од нивниот живот, но поради долготрајната правна битка помеѓу Бред и Анџелина Џоли, нивната врска со внуците е целосно прекината.
Бред и Анџелина имаат шест деца, Шајло (18), близнаците Нокс и Вивиен (16) и три посвоени деца, Медокс (23), Пакс (20) и Захара (19). По нивниот развод, децата повеќе не се во контакт со татко им.
Сега извори откриваат дека Вилијам и Џејн се загрижени оти можеби никогаш повеќе нема да поминат време со своите внуци.
„Родителите на Бред Пит не ги виделе своите сакани внуци околу осум години поради разводот и правната битка меѓу Бред и Анџелина“, изјавил извор за „Дејли мејл“.
Пред да се распадне нивниот брак, Вилијам и Џејн беа голем дел од животот на своите внуци и често беа видени како уживаат во времето заедно.
„Пред разводот поминуваа многу време заедно. Тажно е што веќе не е така. Не само што е тажно што децата не го гледаат својот татко, туку уште потешко е што бабата и дедото немаат контакт со внуците“, тврди извор близок до семејството Пит.
Вилијам (83) и Џејн (84) последен пат беа видени со своите внуци во 2014 година на премиерата на филмот на Анџелина, Unbroken. Во тоа време родителите на актерот зборуваа гордо за Анџелина, а Џејн изјави: „Ние многу се гордееме со Енџи. Ова значи многу за нашето семејство, особено за нашите внуци. Ја сакаме до бескрај“.
Забава
(Видео) Анџелина Џоли објасни зошто нејзините деца водат многу приватен живот
Холивудската актерка Анџелина Џоли (49) гостуваше во популарната емисија „Добро утро, Америко“. Таму таа откри зошто нејзините деца, кои ги посвоила и ги родила за време на врската и бракот со Бред Пит, живеат далеку од очите на јавноста.
„Ниедно од моите деца не сака да биде пред камера во моментот. Тие се прилично повлечени. Не се родени со приватност, нели? Се надевам дека ќе може да ја имаат кога ќе пораснат“, рекла актерката.
Забава
„Се чувствуваше искористено“: поранешната сопруга на Бен Афлек ја ограничи комуникацијата со Џеј Ло
Џенифер Лопез и Бен Афлек неодамна се разведоа по две години брак, а во тешките моменти актерот имаше голема поддршка од својата поранешна сопруга Џенифер Гарнер. Пред самиот развод Гарнер наводно ја презела улогата на некој вид брачен советник помагајќи му не само на Афлек туку и на Лопез да ги надминат своите проблеми.
Сепак, Гарнер одлучи да ја ограничи комуникацијата со Џенифер Лопез исклучиво на ситуации поврзани со нивните деца. Блиски извори тврдат дека за време на процесот на развод се чувствувала искористено и како да е посредник во туѓ брак, што емоционално ја исцрпувало.
Затоа решила да се дистанцира од Лопез и да се фокусира на семејството, пишува „Дејли мејл“.
„Џенифер повеќе не сака да комуницира со Џеј Ло, освен ако не се вклучени децата. Пријателите сметаат дека таа си дозволила премногу да се вклучи во обидот да го спаси нивниот брак, особено затоа што понекогаш се чувствувала како да се натпреварува со Џеј Ло. Гарнер искрено сакаше да помогне, но сега сака да ја ограничи таа улога“, открил извор за „Дејли мејл“.
И покрај дистанцата, Гарнер не кажа ништо негативно за Лопез. Изворите велат дека ако Лопез сака да поминува време со децата на Афлек и Гарнер, со кои е блиска, мора да се справи со Гарнер.