Спорт
Ферстапен: Мекларен претставува сериозна закана за титулата
Макс Ферстапен сигурно чекори кон освојувањето на четврта последователна шампионска титула во Формула 1.
По 14 трки, асот на Ред Бул има 78 бода повеќе од Ландо Норис од Мекларен.
Она што е забележливо е дека во последните два месеци Ферстапен не е толку доминантен како што беше во последните две сезони.
Мекларен забележа значителен напредок, а во конкуренција на конструктори се доближи до Ред Бул на само 42 поени.
„Доколку продолжат да победуваат, реално ќе бидат сериозна закана во борбата за титулата“, изјави Ферстапен.
Сепак, Холанѓанецот смета дека Ред Бул треба повеќе да размислува за себе.
„Мораме да поправиме некои работи, за да бидеме добри како на почетокот на сезоната. Се разбира, титулата е секогаш во потсвеста, но фокусот е автомобилот да работи како што треба. Ако биде така тогаш ќе ни се случуваат само добри работи“, изјави Ферстапен.
Шампионатот во Формула 1 продолжува на 25 август со трка во Зандворт, Холандија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хулигани го уништиле теренот на стадионот на Партизан
Во ноќта меѓу саботата и неделата група хулиганивлегла на стадионот на Партизан и ја уништииле подлогата. Утре, Партизан треба да ја пречека Црвена звезда во вечното дерби.
Како што пренесува „Телеграф.рс“, вработените кои се задолжени за одржување на теренот веднаш ги известиле сите служби на клубот, кои повикале полиција, а во текот на денот се очекува понатамошна истрага.
Се наведува дека група хулигани ги пробиле бравите на стадионот во Хумска, влегле и ја уништиле тревната површина. Хулиганите врлиле стакло и запалиле дел од теренот.
Се следат снимките од безбедносните камери за да се откријат сторителите на ова кривично дело, а клубот започна и вонредни мерки за санација на теренот.
Сите во клубот се надеваат дека надлежните брзо ќе ги најдат одговорните и дека во иднина ќе се спречат вакви инциденти.
Спорт
Бастијани победи во Мизано, Мартин втор, Бањаја не ја заврши трката
Енеа Бастијанини на голема радост на италијанската публика победи на трката за Големата награда Емилија Ромања. Бастијани славеше пред лидерот во вкупниот пласман, Хорхе Мартин (Прамак Дукати) и Марк Маркез (Гресини Дукати). Актуелниот шампион Пеко Бањаја не ја заврши трката, падна на седум круга до крајот на трката.
Дукати ќе слеви попладнево во Мизано, фабричкиот возач Бастијанини понеди, Дукати ја обезбеди конструкторската титулата и ја запиша 100. понбеда во „кралската калса“.
Киксот на Бањаја го искористи Мартин кој сега во борбата за титулата има 24 поени повеќе од Бањаја.
Интересна борба за првото место водеа Мартин и Бастијанини. Шпанецот во третиот круг го престигна Бањаја, кој беше лидер, но два круга подоцна актуелниот шампион ја загуби позицијата и од тимскиот колега Бастијанини.
Од тој моммент Бастијанини жестокот го притискаше Мартин, а новната борба кулминираше во последниот круг, кога Бастијанини со ризичен маневар успеа да мина крај Матин и на крајот да победи.
Бањаја остана без бодови откако направи грешка на седум круга до крајот кога беше трет со нешто помалку од две секунди зад првите двајца.
Спорт
Тројца кандидати за наследник на Левандовски
Пред челниците на Барселона е тешка задача, да најдат замена за Роберт Левандовски.
Полскиот напаѓач има 36 години, но и покрај тоа сеуште е еден од најдобрите на својата позаиција.
Сезонава во воведните пет лигашки кола веќе постигна четири гола и има две асистенции, но годините полека го „газат“.
Левандовски има договор до летото 2026 година и прашање е кој ќе го пополни неговото место.
Според локалниот „Спорт“, на листата на кандидати во моментов има три имиња. Најголем меѓу нив е Ерлинг Халанд.
Доколку се покаже дека ѕвездата на Манчестер Сити е недостапна за Барса, тие ќе се насочат кон Виктор Јокерес или Бенџамин Шешко.
Споменатите напаѓачи имаат голем вредност на пазарот, што значи дека Барселона мора да ги реши финансиските проблеми во кои се наоѓа во моментов, па дури потоа да размислува за евентуалниот трансфер.