Европа
Украинските војници: Лесно влеговме во Русија

Украинската армија завчера првпат објави дека во еднонеделна офанзива освоила дури 1.000 квадратни километри руска територија. Рускиот гувернер на Курск, пак, во разговор со претседателот Владимир Путин, кој не го криел своето незадоволство, признал дека изгубиле 28 населени места во областа Курск и дека речиси 200.000 Руси ги напуштиле своите домови.
Би-би-си разговараше со некои од војниците што учествуваа во офанзивата. Томаш штотуку се врати од мисија со другарот „Акорд“, кој ноншалантно рече дека сѐ е кул.
Два дена нивната единица за беспилотни летала го отвори патот за прекуграничен упад на руска територија.
„Добивме наредба да дојдеме овде, но не знаевме што значи тоа. Однапред договоривме комуникација и надзор на непријателот за да го расчистиме патот“, рече Томаш.
Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски зборуваше за таргетирање области од кои Русија може да изврши напади врз Украина, точната цел на оваа офанзива сè уште е нејасна. Како и да е, јасно е дека Киев распоредува некои од своите најдобри трупи.
Војникот, кој сѐ уште е во Русија, преку апликацијата за пораки „Телеграм“ за Би-би-си изјави дека се подготвувале за мисијата со месеци. „Елементот на изненадување функционира. Лесно влеговме во Русија, немаше голем отпор. Во текот на ноќта на 6 август првите групи ја преминаа границата и се упатија во неколку правци. Речиси веднаш стигнаа до западната периферија на градот Суџа“, рече тој.
Десетици илјади цивили беа евакуирани од двете страни на границата поради засилените напади и жестоките борби. „Руските цивили што ги среќаваме не даваат отпор. Ние не ги допираме, а тие имаат негативен став кон нас или воопшто немаат. Тие ни даваат и лажни информации за позициите на руските трупи“, додава тој.
Војниците со кои разговараше Би-би-си потврдија дека Русите ги прераспоредиле своите сили од источниот фронт. Путин вети силен одговор на првото заземање на руска територија по Втората светска војна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.
Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четвртокот во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.
Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Процената на штетите е сè уште во тек.
Рано утрово беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на „Телеграм“. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.
Украина официјално не коментира до моментот на објавување.
Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.
фото: принтскрин
Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин