Контакт

Спорт

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси

Објавено пред

Кол Палмер го продолжи договорот со Челзи на уште две години.

dobivaj vesti na viber

Англискиот репрезентативец ќе остане на „Стемфорд Бриџ“ до јуни 2033 година, што е најдолгиот договор во светот на фудбалот.

Минатата сезона Палмер беше најефикасен кај сините, на 45 натпревари во сите натпреварувања постигна 25 гола со 15 асистенции.

Инаку, Палмер минатото лето пристигна во Челзи од Манчестер Сити кога потпиша договор до 2031 година.

Тогаш Челзи на „граѓаните“ им плати 47 милиони евра, плус уште три на име бонуси.

Палмер е еден од шесте номинирани за најдобар млад играч во Премиер лигата во сезоната 2023/24.

На листата се и Букајо Сака, Мајкл Олисе, Жоао Педро, Коби Мајну и Алехандро Гарначо, а победникот ќе биде објавен на 20 август.

Челзи веќе донесе неколку играчи ова лето, Тосин Адерабиојо (Фулам), Омари Келиман (Астон Вила), Марк Гиу (Барселона), Кирнан Дузбери-Хол (Лестер), Ренато Веига (Базел), Кејлеб Вајли (Атланта) и Арон Анселмино (Бока Јуниорс).

Спорт

Заврши сезоната за Тер Штеген

Објавено пред

Капитенот на Барселона, Марк-Андре Тер-Штеген ја заврши сезоната 2024/25. Германецот се повреди во финишот на првото полувреме, против Виљареал, каде Барселона победи со 5:1.

dobivaj vesti na viber

Голманот на Барселона заработи тешка повреда на коленото, а според првите прогнози ќе отсуствува меѓу седум и девет месеци. Во најдобар случај би можел да се врати во финишот на сезоната.

Вечерва, Тер-Штеген незгодно се приземји по еден корнер, веднаш се фати за коленото, беше изнесен на носилки и набргу по натпреварот се потврдија лошите прогнози.

Работите да бидат уште полоши, тој е вториот играч за кого оваа сезона е завршена, претходно истото му се случи на младиот Марко Бернал. Тој против Рајо Ваљекано ги скина лигамнетите во коленото и ќе паузира околу 12 месеци.

Младиот Инаки Пења повторно ќе треба да го замени Тер-Штеген, што го направи пред точно една година, кога Германецот отсуствуваше два месеци.

Прашање е и дали Барселона ќе донесе нов голман во зимскиот преоден рок.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Гвардиола и Артета не се задоволни од судењето во дербито

Објавено пред

Манчестер сити и Арсенал ремизираа 2:2 во дербито од петтото коло на англиската Премиер лига. Сити поведе со голот на Ерлинг Халанд во деветтата минута, но Арсенал направи пресврт во првото полувреме со головите на Рикардо Калафиори и Габриел. Џон Стоунс погоди во 98. минута за реми.

dobivaj vesti na viber

И двајцата тренери се осврнаа на судењето на Мајкл Оливер по натпреварот. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола протестираше поради првиот гол на Арсенал. Имено, Арсенал го постигна тој гол откако неговите играчи изведоа слободен удар додека десниот бек на Сити, Кајл Вокер беше надвор од позиција бидејќи судијата како капитен го повика на разговор на центарот на теренот. Вокер не се врати на своката позиција, а Арсенал разви акција од која постигна гол.

„Следниот пат кога судијата ќе го повика капитенот на разговор, нема да оди. Тој мора да им дозволи да се вратат на нивната позиција. Но, во исто време мора да избегнеме такви брзи додавања, знаеме дека играат брзо, мораме подобро да ја организираме одбраната“, изјави Гвардиола по натпреварот.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета го обвинува судијата што му дал втор жолт картон на Леандро Тросард во судиското надополнување во првото полувреме поради шутирање на топката по свирежот.

„Претпочитам да не коментирам бидејќи видов се, тоа е толку очигледно. Ќе оставам на вас. Веќе има проблеми кога го коментирав судењето“, рече тој на конференција за медиуми, а еден новинар спомна дека играчот на Сити, Џереми Доку не добил жолт картон за слично однесување.

„Тоа сакам да го кажам, она што го велам толку очигледно што мислам дека е непотребно да се коментира. Очекувам 100 натпревари во Премиер лигата оваа сезона да се одиграат десет на 11, десет до десет или девет до десет

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Црногорец го имитираше Суарез го гризна противникот

Објавено пред

Црногорскиот фудбалер Милутин Осмајиќ беше главен актер на натпреварот помеѓу Престон и Блекбурн.

dobivaj vesti na viber

Натпреварто заврши без голови, но имаше неколку груби прекршоци кои беа санкционирани со два црвени картони.

И покрај се, потегот на Осмајиќ го одбележа натпреварот. По фаулот без потреба го сопна ривалот кој сакаше што поскоро да изведе аут, а фудбалерот на Никшиќ се изнервира и го гризна за врат.

Осмајиќ успеа да помине без картон.

Осмајиќ на тој начин потсети на Луис Суарез, кој неколку пати во кариерата имаше вакви испади на теренот.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ8 часа

Пожар избувна во угостителски објект во центарот на Охрид

Пожар поладнево избувна во угостителски објект во центарот на Охрид, на Градски плоштад, а повредени лица нема. Пламенот избувна во...

Топ9 часа

Улични кучиња искасаа граѓани во Аеродром и Карпош

Полицискиот билтен и денес бележи случаи на граѓани каснати од улични кучиња. Вчера во 18.00 часот во полициската станица Аеродром,...

Топ9 часа

Едниот продавал, другиот купувал марихуана, двајцата добија кривични пријави

СВР Битола поднесе кривична пријава против  А.С.(25) и А.А.(20), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ му порача на СДСМ дека платите растат и можат само да учат како се работи

„Со СДС Македонија ја престигнаа Албанија и БИХ во раст на БДП по глава на жител, а сега се работи...

Топ10 часа

Удрил во 73-годишен велосипедист, го оставил тешко повреден и побегнал

Вчера околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Македонско косовска бригада“ во Скопје, патничко возило удрило во...

Топ11 часа

Се запали фурна во неготинското село Криволак, нема повредени лица

Во ОВР – Неготино рано изутрина, во еден часот, пријавено било дека во неготинското село Криволак, настанал пожар во објект...

Македонија15 часа

Од денес започнува есента

Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 14:43 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата...

Македонија1 ден

Кавадарци му предаде 220 безбедносни камери на МВР и се вклучи во проектот „Безбеден град“

Со повеќе од 220 камери на територијата на градот кои денеска му беа предадени на Министерството за внатрешни работи, Кавадарци...

Европа1 ден

Вонредна состојба во Италија, поплавени се два региони

Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи. Поројните врнежи предизвикаа...

Македонија1 ден

Премиерот Мицкоски вели дека во есенската кошница се производите кои се најкористени од граѓаните

Со есенската потрошувачка кошница се опфатени производи коишто се најкористени од страна на граѓаните, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во...

Македонија1 ден

Љупчо Николовски потрошил 16.000 евра за кафеани и ресторани, обвини Петрушевски

„Во изминативе денови презентиравме како Љупчо Дон Николовски се однесувал со народните пари, расфрлајќи државни средства за лични уживања, кога...

Европа1 ден

Украинската војска добива повеќе пари за борбата против рускиот напад

Украинската војска добива повеќе пари за борбата против рускиот напад според новиот закон потпишан од претседателот Володимир Зеленски, кој претходно...

Македонија1 ден

Уште два дена сонце, од вторник дожд и грмежи

Следните два дена времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во вторник и...

Македонија1 ден

Со нова мобилна апликација МВР ќе се бори против семејното насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се обрати на промоција на мобилната апликација „Џастис РБН за родово базирано насилство“, која...

Македонија2 дена

Објавени конкурсите за стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните установи

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави конкурсите за стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните...

Македонија2 дена

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во САД

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во Соединетите Американски Држави, каде ја предводи македонската државна делегација на 79. Генерално...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски за барањето на Ковачев ВМРО-ДПМНЕ да се исклучи од ЕНП: Тоа би била добра првоаприлска шега

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Штип го искоментира барањето на европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев да се исклучи партијата ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија2 дена

Кузеска: Инцидентот со знамето е грешка на протоколот на Сиљановска, заострувањето на односите на е во интерес ниту на Софија

Влошувањето на односите со соседите ја става под знак прашање европската перспектива и оди на директно на штета на националните...

Македонија2 дена

(Видео) Петрушевски: Љупчо дон Николовски плаќал и по 500 евра за хотел од вечер, додека земјоделците чекале да ги подобри работите

„Љупчо Дон Николовски наместо за земјоделците се борел за себе. Наместо да планира како да ги подобри условите во земјоделието,...

Македонија2 дена

Адвокатот на таткото на Вања: Обвинението се темели на доказите што ги прибавил Александар, тој е жртва

Адвокатот на таткото на Вања, Владимир Туфегџиќ, рече дека, денеска, во воведните говори на Јавното обвинителство не слушнале која е...