Македонија
Гори кај Јасен, Галичица, Маврово – активни 14 шумски пожари
ЦУК: Во текот на денешниот ден, среда, 14.08.2024 година, до 19:00 часот, има вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои во моментов 14 се активни, 5 се под контрола и 18 се изгаснати.
АКТИВНИ ПОЖАРИ: 14
1. Општина Македонски Брод 1: Јасен – Белица (борова шума);
2. Општина Кочани и Општина Мекедонска Каменица: с.Пресека– с.Цера (2Х – 1 МВР Ми171 и 1 Словенија) (16 ТППЕ, 3 ДППД, 9 НШ, 10 мес.нас) (борова шума и папрат);
3. Општина Ресен: Галичица се шири во правец на врвот Магаро кон селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа (нискостеблеста вегетација);
4. Општина Долнени 1: с.Дебреште се шири кон с.Рилево и с.Зрзе како и кон с.Крапа, Општина Македонски Брод (нискостеблеста деградирана шума)
5. Општина Кичево 1: с.Патеец – с.Козичино, проширен кон с.Горно Крушје, Општина Македонски Брод (борова и букова шума);
6. Општина Кичево 2: с.Зајас – с.Горно Строгомиште (мешана шума);
7. Општина Маврово-Ростуше: с.Врбен (ела, смрека и сува трева);
8. Општина Новаци 1: с.Полог – Брник, Ивени, Рапеш (ниска вегетација, деградирана шума);
9.Општина Новаци 2: с.Острец (густа мешана шума)
10. Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово, Македонски Брод (нискостеблеста вегетација);
11. Општина Македонски Брод 2: с.Грешница (мешана шума)
12.Општина Долнени 2: с.Плетвар (сува трева)
13. Општина Пробиштип: с.Ратковица према Пониква (мешана шума)
14. Општина Куманово: с.Кучкарево (сува трева)
ПОД КОНТРОЛА: 5
1. Општина Пехчево: с.Негрево (мешана шума);
2. Општина Демир Хисар и Општина Охрид: Илинска Планина, во општините Охрид и Демир Хисар е под контрола (ниска вегетација);
3. Општина Чашка 1: с.Ореше, с.Папрадиште (мешана шума);
4. Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија);
5. Општина Чашка 2: м.в.Мукус, Општина Чашка кон с.Дреновци, Општина Прилеп (мешана шума);
ИЗГАСНАТИ: 18
1. Општина Струмица: с.Баница (сува трева);
2. Општина Тетово: Фабрика Г8 (сува трева);
3. Општина Боговиње: с.Боговиње (сува трева)
4. Општина Струга 1 : с.Ложани (ѓубре).
5. Општина Струга 2: с.Ливада (ниска вегетација)
6. Општина Струга 3: с.Белица (ѓубре)
7.Општина Берово: с.Владимирово (ниска вегетација)
8.Општина Пробиштип: ул.Миро Барага (ниска вегетација)
9. Општина Ресен: Депонија во Ресен (депонија)
8. Општина Кочани: Градска депонија (ѓубре);
10. Општина Валандово: Депонија (ѓубре);
11. Општина Велес : с.Грнчиште (ниска вегетација)
12. Општина Кавадарци: Депонија Мелци (депонија)
13. Општина Липково : с.Матејче (сува трева)
14. Општина Липково: с.Никуштак (сува трева)
15. Општина Ново Село: с.Бадилен (мешана шума)
16. Општина Кисела Вода 1: с.Драчево (сува трева)
17. Општина Аеродром: с.Горно Лисиче (ѓубре)
18. Општина Гази Баба: с.Јурумлери (ѓубре)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на панел во Давос со американскиот секретар за енергетика: „Македонија мора да стане активен играч во енергетиката“
Премиерот Христијан Мицкоски денеска учествуваше на панел за енергетика во рамки на Светскиот економски форум во Давос, заедно со секретарот за енергетика на САД, Крис Рајт. Тој изјави дека зад себе има успешен и инспиративен ден со средби со мултинационални компании од областа на енергетиката, здравството и високата технологија.
„Претставивме можности за инвестиции во македонската економија – нешто што значи додадена вредност за граѓаните“, рече Мицкоски во видео-обраќање.
Во фокусот на денот, како што рече, бил панелот на кој учествувале водечки светски енергетски компании. „Разговаравме за очекувањата и плановите за развој на енергетиката, особено во производството на електрична енергија“, кажа Мицкоски, кој притоа истакна три клучни поенти од панелот:
Побарувачката на електрична енергија ќе расте два и пол пати побргу од вкупната побарувачка на енергија во светот во наредните години. „Македонија не смее да биде нем набљудувач, туку активен чинител“, порача тој, повикувајќи на рестарт на проекти како Чебрен, Галиште и Бошков Мост.
Во следните десет години, светот ќе треба да изгради капацитети што ќе произведуваат 40.000 терават-часови електрична енергија – што е 5.500 пати повеќе од целата потрошувачка на Македонија, и приближно колку што трошат САД, Канада, ЕУ и Јапонија заедно. Причина за ова е експанзијата на вештачката интелигенција и дата центрите што работат исклучиво на електрична енергија.
Македонија треба да ја диверзифицира економијата и од фокус на автомобилската индустрија да стане значаен играч во енергетиката, користејќи ги постојните ресурси и потенцијали за обновлива енергија.
„Убеден сум дека можеме да успееме како држава во оваа насока“, изјави премиерот.
Македонија
МВР го пронајде возачот кој се снимаше додека вози со 293 километри на час
Министерството за внатрешни работи делуваше по објавата на шокантно видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како возач управува со патничко моторно возило со неверојатни 293 километри на час на автопатот Скопје–Гевгелија, во близина на Неготино. На тој дел од патот максимално дозволената брзина е 120 километри на час.
Возачот, А.Д. (36) од село Елово, скопско, веднаш бил идентификуван, пронајден и повикан од полицијата.
„Тој е санкциониран согласно законските одредби“, велат од МВР.
Министерството повторно апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за зачувување на безбедноста на сите граѓани.
Фото: МВР
Македонија
Утре снежни врнежи, наместа снежната покривка ќе се зголеми и до 25 сантиметри, најавува УХМР
Облачно време со повремени локални врнежи од снег се очекува утре низ целата земја. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде што висината на снежната покривка на планините и на некои повисоки места ќе може да се зголеми и до 25 сантиметри. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу -8 и -2 степени, додека максималната ќе достигне од 0 до 6 степени, јавува УХМР.
За Скопје се најавува претежно облачно време со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Во Скопје, исто така, ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи околу -6, а максималната ќе биде до 2 степени.
Во наредните денови се очекува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе продолжи претежно стабилно време, со појава на магла во поодделни котлини. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, односно снег на планините и повисоките места.

