Спорт
Арсенал е заинтересиран за Мерино
Фудбалскиот клуб Арсенал е заинтересиран за играчот на Реал Сосиедад и шпански репрезентативец Микел Мерино, пренесуваат британските медиуми.
Мерино (28) е член на Реал Сосиедад од 2018 година, а претходно играше за Њукасл, Борусија Дортмунд и Осасуна.
Во јули со селекцијата на Шпанија ја освои титулата на Европското првенство во Германија.
Мерино има договор со клубот од Сан Себастијан до 30 јуни 2025 година.
Британските медиуми пренесуваат дека претставници на Арсенал и Реал Сосиедад преговараат за висината на обештетувањето на шпанскиот репрезентативец, кој се согласил да ја продолжи кариера во Лондон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пако Роиг: Реал е тим на имигранти, а Винисиус е се..о
Поранешниот претседател на Валенсија, Пако Роиг го критикуваше Реал Мадрид, особено напаѓачот на кралскиот клуб, Бразилецот Винисиус Жуниор.
Во Шпанија многу се зборува за расизам, а поранешниот прв човек на Валенсија, Франциско Пако Роиг, вели дека тоа претходно не било проблем. Според него, за ова најмногу придонеле Реал Мадрид и „провокаторот“ Винисиус Жуниор.
„Мадрид го нарекувам Реал имигрант. Мадрид има осум црнци, двајца бели странци и еден Шпанец Карвахал“, изјави Пако Роиг за шпанските медиуми и конкретно му се обрати на младиот Бразилец:
Тој (Винисиус) можеби е одличен играч, што верувам дека е, но како личност е се..о“.
Пако Роиг вели дека во Шпанија има многу фудбалери со темна боја на кожата, особено во Реал Мадрид, но само Винисиус ги провоцира и иритира навивачите на другите клубови.
„Знаете ли што направи? Тој се искачи преку оградата на „Местаља“ и ги обвини навивачите на Валенсија дека го навредуваат. Тој ден бев на стадионот со внукот и синот. Го прашав внукот: „Што вика таму?“ Внукот ми одговори: „Секакви глупости. Мислев дека го нарекоа мајмун. Но не“, ја цитира „Релево“ изјавата на Роиг.
Пако Роиг беше претседател на Валенсија од 1994 до 1997 година. Додека тој ги водеше клубот, „лилјаците“ беа вицешампиони на Шпанија и финалисти на Купот на кралот
Спорт
(Видео) Три месеци подоцна УЕФА призна: Имаше пенал за Германија против Шпанија
УЕФА ја призна грешката на судиите во четвртфиналниот натпревар на последното Европско првенство, кога на Германија не и беше досуден пенал на дуелот против Шпанија.
Судискиот комитет на УЕФА одлучи дека требаше да биде досуден пенал за Германија во второто продолжение од мечот кога резултатот беше 1:1.
Откако дефанзивецот на Шпанија Кукреља, по ударот на Мусиала, играше со рака во неговиот шеснаесетник, главниот судија на натпреварот, Ентони Тејлор, како и судиите од ВАР собата не се огласија.
По неколку минути Мерино постигна гол со кој Шпанија обезбеди пласман во полуфиналето.
На овогодинешното Европско првенство во Германија, Шпанија во финалето ја совлада Англија.
Спорт
Евертон има нови газди
Фридкин инвестмент груп, во сопственост на американскиот милијардер Ден Фридкин, ќе стане нов мнозински сопственик на фудбалскиот клуб Евертон, објави англискиот клуб.
Трансакцијата мора да биде потврдена од неколку други органи, вклучително и Премиер лигата, Англиската фудбалска асоцијација и Управата за финансиско однесување, за да биде финализирана.
Евертон е на последното место во Премиер лигата, откако забележа четири порази во првите пет кола.
Ова е нивна последна сезона на култниот „Гудисон Парк“, пред следната да се преселат на „Стадионот Евертон“ на Брамли-Мур Док.