Македонија
Левицата: Во време на битка со пожари постојано горат и поголем број депонии во државата

Во време на континуирани пожари на различни локации низ државата, до Левица – Зелен сектор постојано пристигнуваат нови пријави за запалени депонии ширум државата. Ваквите пријави најчесто доаѓаат после соодветни пријави до надлежните органи, за кои државните институции не презеле никаква реакција. И покрај еколошката катастрофа која ја зафати Македонија ова лето, властите никако да ја научат лекцијата, велат од Левица.
„Претходно од страна на нашите ограноци имаше реакции за запалени депонии, кај Вардариште, во Ново Лисиче, околу тетовски, велешко и на други локации, а последната пријава е дека постојано се пали депонијата кај Свети Николе, која се наоѓа на километар од неодамна опожареното село Немањици – регионот кој до неодамна се соочуваше со катастрофални пожари. Ваквите инциденти не само што го загрозуваат здравјето и безбедноста на локалното население, туку го продолжуваат и циклусот на еколошки и здравствени кризи.
Проблемот со депониите не е нов! Ова е проблем низ целата земја, што произлегува од недостигот на соодветен надзор и неефикасно управување со отпадот. Во услови на отсуство на ригорозни мерки и на контрола, депониите претставуваат постојан извор на загадување и потенцијална опасност од пожари. Секогаш кога ќе се запали депонија, луѓето од засегнатите региони, како што е Свети Николе, се принудени да дишат токсичен воздух, што сериозно го загрозува нивното здравје.
Она што е уште поалармантно е фактот дека ваквите пожари се често резултат на ненамерен пропуст или немарност – нешто што лесно можеше да биде спречено со соодветна превенција и надзор. Наместо да се реагира откако е штетата направена, потребно е да се воведе систем на постојан мониторинг на депониите и да се преземат проактивни мерки за спречување на ваквите инциденти. Ова вклучува инвестирање во инфраструктура, како и воспоставување на ефикасни системи за управување со отпадот, што ќе ја намали зависноста од депонии како единствено решение, каде профитираат само мал дел на луѓе на сметка на здравјето на жителите.
Неопходно е да се разбере дека секоја депонија што се пали е директен резултат на неуспехот на системот и ние сите ја плаќаме цената за тоа! Загадениот воздух што континуирано го дишат граѓаните коишто живеат во близина на депониите е само еден од многуте негативни исходи на овој проблем. Време е да се преземат сериозни мерки и да се стави крај на оваа еколошка криза што ја загрозува целата земја, посочуваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВЛЕН: Паднаа во вода тврдењата на ДУИ за наводен атентан врз Зеќирија Шаини

Коалицијата ВЛЕН реагира за случајот во кој беше повреден активистот и носител на листата на НАИ во Липково, Зеќирија Шаини.
Од таму велат дека особено загрижува фактот што политичките опоненти, предводени од ДУИ, се обидоа да ѝ дадат политичка димензија на оваа трагедија, грубо манипулирајќи со семеен конфликт во сред изборна кампања.
„Но случајот се покажа како семеен проблем и нема никаква врска со политиката. ДУИ доживеа тежок пораз, бидејќи не ѝ успеа обидот да ја искористи ситуацијата за сопствена политичка корист. Тие беа демантирани и од самиот нивен активист, Зеќирија Шаини, кој јавно изјави дека нема политичко непријателство со никого, со што паднаа во вода сите тврдења за наводен „политички атентат“.ДУИ сакаше да се претстави како херој во туѓи сметки – но тоа не помина. Наместо да придонесе за смирување на ситуацијата, партијата повторно приредува политички театар, обидувајќи се, како и секогаш, да создаде перцепција дека „некој работи против нив“. Помогната од неколку платени новинари, кои дење и ноќе шират лаги против власта, ДУИ ги злоупотребува дури и проблемите на сопствените партиски членови. Ова е стар модел на јавна манипулација и политичка виктимизација, кој има цел да го прикрие падот на довербата и губењето на електоратот“, велат од ВЛЕН.
Македонија
Сончево со мала локална облачност, максималната температура до 21 степен

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Времето во наредните денови
До почетокот на следната седмица ќе преовладува стабилно, сончево и релативно топло време со локална појава на облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен, а во сабота долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од улица Благоја, улица Маџари, Пекара КИС МИ Стефковски и улица Ордан Поп Јорданов (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 10:00 часот, локалите во трговскиот центар до пазарот (општина Ѓорче Петров)