Македонија
Дачиќ бара објаснување од македонските власти: „Бегството на терористот Рамадани е скандалозно“

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека е скандалозно бегството на терористот и воен злосторник Блерим Рамадани од домашен притвор во Северна Македонија, соопшти тамошното министерство.
„Станува збор за припадник на терористичката ОВК, кој извршил злосторства врз Србите на Косово и Метохија и кого Србија го бара за да му суди. Бараме објаснување од државните органи на Северна Македонија како е можно некој, кој е уапсен по наша меѓународна потерница, да побегне од домашен притвор Или меѓународната правда не важи за албанските терористи и воени злосторници, кога убиваат Срби, сѐ е дозволено и простено“, рече Дачиќ.
Поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани, кој минатиот месец беше уапсен во Македонија по потерница на Интерпол по барање на Србија, избега од домашен притвор од куќата на роднина.
Рамадани беше уапсен врз основа на меѓународна потерница од Интерпол издадена од Србија на 17 јули на граничниот премин Јајинце и однесен во затворот во Шуто Оризари на 30-дневен екстрадиционен притвор.
Надлежниот македонски суд на 1 август му ја преиначи казната на Рамадани од притвор во куќен притвор и според решението тој беше испратен на адреса во Скопје, а според тоа решение требаше да остане во куќен притвор до 16 август.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, при посетата на граничниот премин Табановце на 25 јули побара од скопските власти да го екстрадираат Рамадани во Србија.
Македонскиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска ги отфрли обвинувањата на опозицискиот СДСМ против него поради бегството на Рамадани и оцени дека се работи за манипулација на јавноста и обид да се добијат помали политички поени. Рече дека вистинското прашање е зошто судот одлучил да го стави во домашен притвор наместо ефективен притвор. Тврди дека во случајот Министерството постапило во согласност со законот и максимално професионално.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Во Владата ќе се одржи одбележување на 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
По тој повод со почеток во 10:00 часот во Свечената сала во Владата на Република Северна Македонија ќе се одржи свечена седница на која ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.
Настанот ќе биде пренесуван во живо на „Фејсбук“ и „Јутуб“ каналот на Владата.
Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД.
Македонија
Сончево и многу топло со мала локална облачност: максималната температура до 39 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Времето во наредните денови
Ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност преку денот. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Македонија
ЦУК: 27 пожари во Македонија

Во текот на денешниот ден, низ Македонија, до 21 часот, имало 27 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од нив, седум се уште се активни, три се под контрола, а 17 се изгаснати.
АКТИВНИ (7):
Општина Македонски Брод – Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума)
Општина Сарај – с. Радуша кон с. Дворце (ниска вегетација)
Општина Брвеница – с. Милетино (ниска вегетација)
Општина Македонски Брод – с. Крапа (ниска вегетација и нискостеблеста шума)
Општина Долнени – с. Пешталево (ниска вегетација и стрништа)
Општина Прилеп – с. Големо Коњари (ниска вегетација и стрништа)
Општина Куманово – с. Табановце (ниска вегетација)
ПОД КОНТРОЛА (3):
Општина Крива Паланка – с. Нерав, место Биљино (ниска вегетација и шума)
Општина Кичево – с. Челопеци (нискостеблеста шума)
Општина Сарај – с. Свиларе (ниска вегетација и мешана шума)
ИЗГАСНАТИ (17):
Општина Чешиново-Облешево – с. Чешиново (ниска вегетација)
Општина Куманово – „Дива населба“ (ниска вегетација)
3-6. Општина Јегуновце – с. Прељубиште, с. Јанчиште, с. Копанце, с. Орашје (ниска вегетација)
Општина Куманово – с. Оризаре (ниска вегетација)
Општина Радовиш – с. Прналија (ниска вегетација и меѓи)
Општина Ново Село – с. Старо Коњарево (ѓубриште)
Општина Долнени – с. Секирци (ниска вегетација и трски)
Општина Кривогаштани – с. Обршани (ниска вегетација)
Општина Брвеница – с. Теново – Св. Недела (ниска вегетација и зимзелени дрва)
13-14. Општина Струга – Струшко Поле (стрниште), с. Калишта (ниска вегетација)
15-16. Општина Гостивар – с. Градец (ниска вегетација), ул. ЈНА (дрвја)
Општина Врапчиште – с. Сенокос кон с. Горјане (мешана шума)