Спорт
(Видео) Започна новата сезона во Ла Лига – Хетафе освои бод во Билбао

Новата, 94-та сезона во шпанската Ла Лига беше отворена со ново, четврто последователно реми на старите ривали на „Сан Мамес“.
Атлетико едноставно не знае како да го победи Хетафе во Билбао, натпреварот заврши 1:1 (1:0).
Актуелните освојувачи на Купот на Шпанија, фудбалерите на Атлетик на последните осум натпревари имаат само една победа против Хетафе. Лани на овој стадион беше 2.2.
Хетафе кој со „крпен“ тим дојде во Билбао, во текот на целиот натпревар беше подобриот тим на теренот. За таквата храбра игра Бордалас и неговите фудбалери се наградени со еден бод. Билбао на овој меч беше без европските шампиони, Бико Вилијамс, Дани Вивијан и голманот Унаи Симон.
Единствената добра акција во првиот дел фудбалерите на Атлетик ја претворија во гол во 27.минута. Првиот гол во сезоната 2024/2025 го постигна Ојан Сансет. Играчот од редот за врска одлично палсираше од 20 метри, Сорија беше немоќен.
Хетафе жестокот нападна од стартот на вториот дел, во 48. минута, Питер Федерико ја погоди стативата, а потоа ударот на Карлес Алења го одбрани голманот на Атлетик, Алекс Падиља.
На крајот, Падиља беше совладан во 64. минута кога Уче на центаршутот на Луис Миља од корнер скокна највисоко и со гол го круниса дебитантскиот настап во Шпанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Трамп објави кога ќе биде ждрепката за Мундијалот

Ждрепката за Светското првенство ќе се одржи на 5 декември во Центарот „Кенеди“ во Вашингтон, објави американскиот претседател Доналд Трамп.
„Веројатно е најголемиот спортски настан“, рече Трамп во Овалната соба во друштво на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, држејќи го трофејот за победник на Светското првенство.
На Светското првенство, кое ќе се одржи следната година во САД, Канада и Мексико, ќе учествуваат рекордни 48 национални селекции.
Планирано е да се одиграат 104 натпревари, додека финалето ќе се игра на стадионот во Њу Џерси, каде што се играше и финалето на Светското клупско првенство оваа година.
Светското првенство е закажано од 11 јуни до 19 јули следната година.
Спорт
Ѓоковиќ: Буквално сме на работ на граѓанска војна

АТП турнирот од серијата 250, оваа сезона наместо во Белград ќе семигра во Атина. Турнирот е на програмата од 2 до 8 ноември. На оваа тема, Новак Ѓоковиќ зборуваше за српските медиуми во Њујорк, каде започна последниот гренд слем во сезоната, ју-ес опен.
„Се што можам да кажам е дека не сакавме да го преместиме турнирот, тоа е се што можам да кажам. За жал, така е…“, започна Новак и додаде:
„Се надевам дека ќе се врати турнирот во Србија. Секогаш постои оваа желба и тенденција од наша страна, мојот брат Ѓорѓе – кој го води турнирот – едноставно беше ставен во ситуација каде што турнирот мора да се премести. Се надевам дека ќе дојде некое подобро време во наредните години, така што турнирот ќе се врати, можеби дури и во повисока категорија, никогаш не се знае. Белградската јавност го сака и го следи тенисот, Србија стана земја на тенисот во последните дваесет години, со сите наши успеси“.
Ѓоковиќ проговори и за актуелната ситуација во Србија и се она што се случува во претходните денови и недели.
„Ситуацијата во земјата воопшто е таква што луѓето дури и не се заинтересирани за спортот… Многу работи се случуваат, има голема транзиција воопшто и за луѓето и за земјата… Без да навлегувам во политиката, бидејќи веќе доволно зборував за тоа, се надевам дека страстите малку ќе се смират. Сè ескалираше многу, буквално сме на работ на граѓанска војна. Се надевам дека ситуацијата малку ќе се смири, но нема никакви индикации за тоа.“
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Челзи прими голчиште па испорача „петарда“ во мрежата на Вест Хем

Вест Хем доживеа тежок пораз на Олимпискиот стадион во Лондон од градскиот ривал Челси. Во првиот меч од втората рунда, Челси победи со 5:1.
Натпреварот започна идеално за Вест Хем, а заврши кошмарно. Медиумите веќе шпекулираат дека менаџерот Грем Потер ќе добие отказ.
Лукас Пакета постигна голшиште во шестата минута. Голот оди и на душа на голманот Санчез кој можеше подобро да реагира.
Од 15.минута започна кошмарот за „чеканите“, кои повторно демонстрираа дека одбраната им е како швајцарско сирење.
Во периодот од 15. до 34.минута, Челзи постигна три гола, сите од петерецот на Хенмарсон. Најпрвион погоди Жоао Педро, потоа Педро Нето и на крајот енцо Фернандез.
Во вториот дел блиц криг на Челзи, два гола во 54. и 58. минута на Каиседо и Шалоба за конечни 1:5.
foto/ EPA/VINCE MIGNOTT