Македонија
СДСМ: Рамадани е во Косово, најголем доказ дека е пуштен од МВР и Тошковски
Додека Тошковски и МВР се обидуваат несмасно да спинуваат дека судот е крив за бегството на Блерим Рамадани, тој веќе е на Косово. Има ли поголем доказ дека тој е намерно пуштен од МВР и Тошковски, што само за еден ден по бегството човекот е удобно дома па уште стигаат јасни пораки од Косово дека е таму? Кого се обидуваат да залажат институциите дека ова не е целосно сценарио за ослободување реализиран од МВР? Кој ќе сноси одговорност за бегството на човек баран со меѓународна потерница?, велат од СДСМ
СДСМ прашува до кога Тошковски ќе биде министер? Човекот шест месеци ја води институцијата МВР а безбедноста се влоши во секој сегмент.
„Имаме шест убиства или обиди за убиства од кои само едно е расчистено, имаме секојдневни грабежи сред бел ден без разрешница, се случува тотален хаос со пожарите додека тој е координатор на Кризниот Штаб, но никој не знае што координира. Ваква неспособност не е забележана од ниеден министер досега и затоа мора итно да си оди од функцијата“, завршуваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(ВИДЕО) Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица, внимавајте што ви излегува од уста
На недоличните зборови упатени кон жени, сестри, мајки не им е местото во Собрание. Некултурно и девијантно однесување не смее да се толерира на ниедно место, а најмалку во законодавниот дом. Собранието е место каде што демократски се дебатира, а не е место за удирање со чевли по говорница или пак за упатување недолични зборови кон жените, изјави Жаклина Пешевска, пратеник и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
-Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка. Колеги од Левица, и вие сте нечии синови, сопрузи, татковци, момчиња, внимавајте што ви излегува од уста! Тоа најмногу говори за вас. Срамота – рече Пешевска.
Македонија
Филипче за денот на албанската азбука: Да градиме мостови на разбирање и соработка
„Со одбележување на Денот на албанската азбука ја потврдуваме нашата заедничка определба за почитување и унапредување на етничката и културната разноликост, што претставува непроценливо богатство на Северна Македонија,“ рече пртетседателот Филипче во честитката по повод Денот на албанската азбука.
Тој потсети на историското значење на овој ден потсетувајќи дека на денешен ден 1908 година во Битола завршил Конгресот на кој се создадала стандардизираната албанска азбука, што се смета за еден од најзначајните моменти во историјата на албанскиот народ и нашата заедничка историја.
„Јазикот не е само средство за комуникација, туку и основен столб на идентитетот, културата и правата на секој народ. Почитувањето на различностите, вклучително и јазичните, се клучен услов за изградба на стабилно, напредно и демократско општество. Да градиме мостови на разбирање и соработка, каде што секој јазик и култура ќе имаат свое место и ќе придонесат за заедничкиот просперитет,“ рече Филипче.
На крај, тој упати честитки до сите:
„Нека е честит Денот на албанската азбука! Gëzuar Ditën e Alfabetit të Gjuhës Shqipe!“ заклучи Филипче.
Македонија
Со буџетот за 2025 година полициските службеници ќе добијат покачување на платите, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„Сите припадници на Министерството за внатрешни работи ќе добијат покачување на платите. Како сектор кој што е до суштинско значење за мирот и безбедноста на државата, со буџетот за 2025 година предвидени се средства за покачување на платите на полицајците во износ од минимум 10%“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„Исто така, со цел да се направи ефикасна полициска управа која што ќе одговара на потребите на граѓаните, предвидено е зголемувања од 240% на финансиските средства за реформи и модернизација на МВР.
ВМРО-ДПМНЕ на власт е посветена во МВР, како и во останатите сектори, да спроведе сериозни реформи и инвестиции со цел враќање на довербата на граѓаните во институции и достоинството на државните службеници, вклучително и полициските службеници.
Каде беше Оливер Спасовски скоро девет години министер за внатрешни работи, па да барал покачување на платите на полициските службеници и за нив да обезбеди достојни услови за работа!?
СДС ако беа навистина загрижени за припадниците на МВР, пред пет месеци кога беа на власт, ќе предвидеа и најдеа средства за исплата и зголемување на нивните плати.
Наместо тоа, СДС со Спасовски на чело на МВР ги деградираа полициските службеници. Во нивно време министерството го ставија во служба и заштита на криминалните групи и го претворија во центар во кој белосвестки криминалци слободно можеа да извадат македонски пасоши“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.