Македонија
Али Ахмети се сретна со бугарскиот амбасадор: Инсценирана дестабилизација од страна на Владата, не потпаѓајте на провокации

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети денеска во партиското седиште во Тетово го прими бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов.
Соговорниците разменија мислења за Коридорот 8, патниот и железничкиот, уставните измени, клучните државни договори, Охридски, Преспански и добрососедството со Бугарија, евроинтеграциите, санкционирањето на изборниот легитимитет итн.
Претседавателот Ахмети најпрвин го образложи духот на Охридскиот договор со тоа што го информираше амбасадорот за нацрт-платформата за легитимитет подготвена од авторот на Охридскиот договор Пол Вилијамс и ПИЛПГ, како и за мислењата на локалните експерти.
Исто така, г. Ахмети на средби со граѓаните зборуваше за активностите што ДУИ и Европскиот фронт ќе ги преземат во одбрана на легитимитетот од септември на средби си граѓани.
Истовремено, г. Ахмети истакна дека ДУИ е државотворна партија, а непостоечките тврдења на премиерот Мицкоски за сценарија за дестабилизација од страна на ДУИ се невистинити и претставуваат намерни и опасни владини сценарија за обвинување други за дестабилизација за да се дефокусира јавноста од недостатокот на резултати и секојдневни владини скандали.
ДУИ го има докажано својот придонес за стабилноста и безбедноста и се спротивставува на секој политички владин инсцениран обид за дестабилизација и ги повикува Албанците и другите да не потпаднат на провокациите на владата без етнички легитимитет.
Ахмети потсети на ветувањето на поразените на изборите за уставни измени за 6 месеци и рече дека ДУИ останува посветена на евроинтеграциите.
Соговорниците се согласија дека Коридорот 8 е регионален и евро-американски приоритет и затоа Владата треба без одлагање да ги продолжи проектите за патно и железничко поврзување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце времето на чекање за влез во државата е 15-ина минути

Поради пожар во Националниот парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори. се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е 15-ина минути, на другите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Кисела Вода и Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07.30 до 15.00 часот дел од корисниците на улицата Христо Татарчев, потег од резиденција на Чешка амбасада до маркет „Давидов“, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од потрошувачите на улица Козле 2 и улица Козле, општина Карпош.
Македонија
Дел од општина Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затворач на улицата Никола Русински бб, општина Карпош, односно објектот на АД Пошта на РСМ, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на улицата Козле 132, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: дел од улицата Козле, дел од улиците Јуриј Гагарин, Мокра, Кораб и Струшка. Со намален притисок на водоснабдување ќе бидат населбите Трнодол, Жданец и Нерези. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.