Спорт
Последниот танц Дувњак ќе го има на СП
Капитенот на хрватската ракометна репрезентација Домагој Дувњак се уште не се откажал од националнио тим, но неговото збогување може да се очекува на почетокот на следната година, кога Хрватска заедно со Данска и Норвешка ќе го организира Светското ракометно првенство.
Хрватска не се прослави на Олимписките игри во Париз, не успеа да ја мине групата. Дувњак тогаш најави дека повеќе нема да игра за Хрватска, но во меѓувреме се премисли.
„Веќе разговарав со селекторот Дагур Сигурдсон. Ако на репрезентацијата и требам за Мундијалот, тука сум да играм за Хрватска уште еднаш за последен пат“, изјави Дувњак во интервју за „Килер Нахрихтен“.
Хрватска во Загреб ќе игра во групата со Аргентина, Бахреин и Египет, во хрватската престолнина репрезентацијата ќе остане и во вториот круг, секако доколку ја минат пвата фаза.
Едното полуфинале ќе се игра во Загреб, другото во Осло.
Дувњак доживеа многу убави моменти со репрезентацијата, но и некои помалку убави. Никогаш не успеа да освои златен медал, но има бронза од Олимписките игри во Лондон 2012 година, сребро и бронза од СП и три сребра и две бронзи на ЕП.
Тој ја освои Лигата на шампионите со Хамбург во 2013 година и со Кил во 2020 година. Со Кил го освои и Купот на ЕХФ во 2019 година. Со Хамбург беше шампион на Германија во 2011 година, додека со Кил ја освои Бундес лигата во 2015, 2020, 2021 и 2023 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Александар Стојанов замина од тренерската позиција во Беласица

Македонскиот фудбалски второлигаш Беласица ќе ја продолжи сезоната со нов тренер. Александар Стојанов поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб по двата последовни порази на струмичкиот второлигаш.
Тимот имаше одличен почеток на сезоната – пет победи и едно реми во првите шест кола. Сепак, неуспесите против Осогово и Шкендија Арачиново ја променија ситуацијата.
„Во спортот победите и поразите одат заедно. По два порази по ред ја преземам целата одговорност. Дадов сè од себе за клубот, но кога не оди – време е да се направи чекор назад“, рече Стојанов по оставката.
Иако Беласица има најдобар старт во последните години, тимот ќе мора да продолжи без својот досегашен стратег. Клубот во следните денови ќе го објави името на новиот тренер.
Спорт
Филмска приказна: Риднеркнеш го доби Медведев, ќе игра против својот роднина за титулата

Артур Риднеркнеш и Валентин Вашеро ќе играат за титулата на турнирот од Мастерс серијата во Шангај. Веројатно нема ниту еден човек на планетата кој би можел да предвиди дека двајца братучеди, моментално 52-ри и 204-ти тенисер во светот, ќе бидат во финалето на престижниот турнир.
По пресвртот, Риднеркнес го победи Данил Медведев со 4:6, 6:2, 6:4 и му се придружи на својот братучед во финалето, кој го победи Новак Ѓоковиќ претходно во текот на денот.
Првиот сет беше практично решен во третиот гем. Медведев стигна до брејк и ја задржа предноста стекната до крајот на овој дел од играта за 6:4 и 1:0 во сетови.
Сепак, ова не го поколеба одличниот Французин. Во вториот сет, тој веднаш стигна до брејк во вториот гем, а потоа спаси дури пет брејк топки. Поведе со 3:0, а потоа, со уште еден одземен сервис од својот ривал, стигна до 6:2 и го израмни резултатот.
Риднеркнес го искористи заморот на Русинот и стигна до меч-поен. Не ја искористи првата шанса, но доби уште една. Медведев направи двојна грешка и со тоа му овозможи на Французинот да го постигне најголемиот успех во својата кариера.
Вашеро од Монако и Риднеркнес од Франција ќе се борат за пехарот во недела од 10:30 часот.
Спорт
Охрид убедлив, реваншот со Баку во ЕХФ Европскиот куп формалност

Ракометарите на Охрид се веќе со едната нога во следната рунда од ЕХФ Европскиот Куп. „Гладијаторите“ приредија вистинска ракометна лекција за Баку и на првиот меч славеа со неверојатни 44-11.
Од самиот старт беше јасно кој е господар на теренот. Охрид поведе со 5-1, потоа зголеми на 10-3, а на полувремето веќе имаше убедливи 24-7.
Голманот Чаневски одигра меч за паметење – одбрани 22 удари и заврши со 68 % успешност, што беше дополнителен удар за азербејџанскиот тим.
Тренерот Ројевиќ во второто полувреме им даде шанса на сите ракометари, но разликата само растеше. На крајот – 33 голови предност за македонскиот претставник.
Најефикасен беше Иванковиќ со девет погодоци, додека Ојлески и Ѓукиќ постигнаа по шест. Кај гостите се истакна Мамадов со четири гола.
Реваншот кој се игра утре од 18 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе биде само формалност – јасно е дека Охрид патува меѓу најдобрите 32 екипи во ЕХФ Купот.