Спорт
ПСЖ купи тинејџер од Рен за 50 милиони евра
Дезир Дуе потпиша договор со Пари Сен Жермен до крајот на сезоната 2027/28.
Тинејџерот (19), кој покрива неколку позиции во нападот и најчесто игра на позицијата лево крило, е втората најголема продажба во историјата на Рен. ПСЖ плати 50 милиони евра за неговиот трансфер.
Дуе одигра 76 натпревари за Рен, постигна осум гола и забележа седум асистенции.
Беше дел од француската репрезентација која го освои второто место на Олимписките игри во Париз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Одигра за чиста десетка – Меси го однесе Интер во полуфиналето на Истокот
Лионел Меси (38) со брилијантна партија го однесе Интер Мајами во полифиналната Источна конференција во МЛС.
Мајсторката со Нешвил, Интер ја добија со 4:1. Меси имаше два гола и една асистенција.
Меси го отвори резултатот во десеттата минута со шут од земја од малку повеќе од 16 метри, а од слична ситуација погоди и во 39-тата минута. Во 76-та минута, Тијаго Алмада постигна гол за 3:0, а три минути подоцна Меси му асистираше за конечни 4:0.
Освен брилијантниот настап што го одведе Интер Мајами во следната фаза од натпреварувањето, Меси беше оценет на Софаскор со чиста 10.
Меси против Нешвил забележа и јубилеј од 400 асистенции во кариерата.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.

