Македонија
Активни 16 шумски пожари низ Македонија
Во текот на денешниот ден, сабота, до 19 часот има вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои во моментов 16 се активни, 6 се под контрола и 16 се изгаснати, објави Центарот за управување со кризи.
АКТИВНИ ПОЖАРИ: 16
1. Општина Македонски Брод 1: Јасен – викенд населба Белица (борова шума);
2. Општина Ресен и Општина Охрид: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа (нискостеблеста вегетација и букова шума);
3. Општина Долнени 1: с.Дебреште, крак кон с.Зрзе, како и крак кон с.Крапа, Општина Македонски Брод (нискостеблеста деградирана шума, сува трева);
4. Општина Кичево 1: с.Цер, планина Лубен, проширен е кон селата Брезово и Зашле, Општина Демир Хисар (нискостеблеста деградирана шума, сува трева и ниска вегетација);
5. Општина Кичево 2: с.Патеец – с.Козичино – с.Дупјани, проширен кон с.Горно Крушје, Општина Македонски Брод (борова и букова шума);
6. Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово, Македонски Брод (нискостеблеста вегетација);
7. Општина Дебар: с.Гари на планина Стогово (мешана шума);
8. Општина Чашка: с.Мокрени (нискостеблеста дабова шума и високо квалитетна дабова шума);
9. Општина Долнени 2: с.Небрегово (нискостеблеста шума) –префрлен од Општина Чашка од планина Мукос;
10. Општина Македонски Брод 2: с.Грешница (4 ТППЕ) (мешана шума);
11. Општина Крива Паланка: На потегот Паланка – Саса, м.в.Царев Врв (ТППЕ);
12. Општина Куманово: с.Черкезе (ТППЕ) (стрниште и сува трева);
13. Општина Битола: с.Кишава (3 ТППЕ) (сува трева);
14. Општина Кочани: Пониква (2 ТППЕ) (сува трева) – удар на гром во дрво;
15. Општина Пробиштип 1: с.Неокази (ТППЕ) (борова шума и сончеви панели);
16. Општина Пробиштип 2: с.Трипатанци – с.Ратавица – с.Бунеш (ТППЕ).
ПОД КОНТРОЛА: 6
1. Општина Маврово-Ростуше: с.Врбен (мешана шума);
2. Општина Новаци: с.Полог – Брник –Рапеш – Паралово (ниска вегетација, деградирана шума);
3. Општина Македонски Брод: с.Девич м.в.Вртешка (мешана шума);
4. Општина Демир Хисар: Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица (ниска вегетација);
5. Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија);
6. Општина Чашка: с.Папрадиште и с.Ореше (мешана шума);
ИЗГАСНАТИ: 16
1. Општина Македонска Каменица: с.Цера (мешана шума);
2. Општина Маврово – Ростуше: врв Кораб (нискостеблеста вегетација) – префрлен од Р.Албанија;
3. Општина Василево: м.в.Карбино (ЗИК Слобода) према с.Владевци (нискостеблеста шума, стрништа, сува трева, грмушки);
4. Општина Валандово 1: с.Казандол, м.в.Чештово (нискостеблеста шума, прнар, сува трева);
5. Општина Валандово 2: с.Удово (стрниште и сува трева);
6. Општина Тетово: с.Бродец (депонија);
7. Општина Тетово 2: некогашен поправен дом (сува трева);
8. Општина Јегуновце: с.Туденце – с.Сиричино (депонија);
9. Општина Гостивар 1: с.Чајле – с.Форино (сува трева);
10. Општина Гостивар 2: с.Чајле – с.Форино (сува трева);
11. Општина Велес: с.Црквино (сува трева и трње);
12. Општина Росоман: с.Сирково (нискостеблеста шума и сува трева);
13 Општина Сарај: с.Кондово (сува трева);
14. Општина Аеродром: ул.Симеон Кавракиров (ѓубре, гранки и сува трева);
15. Општина Битола: нас.Баир (нискостеблести растенија и сува трева);
16. Општина Кочани: с.Небојани (сува трева).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски денеска на Пониква ги посетил децата и семејствата на загинатите бранители
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска ги посетил децата и семејствата на загинатите бранители кои традиционално во овој период престојуваат во зимското одморалиште на МВР на Пониква.
-Имав чест на заеднички ручек да поминеме време заедно, во искрена и топла атмосфера, да поразговараме на повеќе теми. Жртвата што ја дале нивните најблиски е најголемата можна жртва, затоа што тие ги загубиле своите татковци, сопрузи, синови во одбрана на татковината, посочува Тошковски во објавата на својот Фејсбук профил.

Министерот нагласува дека жртвата на загинатите бранители не смее и нема да биде заборавена.
-Таа за нас претставува аманет и трајна обврска, секогаш да бидеме покрај нив, да им даваме поддршка, да ги почитуваме и да одговараме на нивните потреби во рамките на надлежностите што ги имаме, вели Тошковски.
Македонија
Минималната плата не го покрива ни основното преживување, велат од СДСМ
Од СДСМ порачаа дека платите на работниците мора да се зголемат веднаш, а не по најави и проекции за две или четири години, оценувајќи дека актуелната економска политика не одговара на реалните животни трошоци и секојдневните потреби на граѓаните.
„На работниците не им требаат изговори ниту најави за 2028 година. Платите треба да се покачат сега, затоа што парите не им стигаат од први до први“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека животниот стандард е сериозно загрозен, а минималната плата не обезбедува основна егзистенција.
Од партијата реагираат и на изјавите и настапите на премиерот Христијан Мицкоски, прашувајќи дали тој чекал две години кога купувал часовници во вредност од 65.000 евра, додека работниците се принудени да преживуваат со примања што не ги покриваат ниту основните трошоци.
Според последните податоци, минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во јануари 2026 година изнесувале 66.413 денари, што, како што посочуваат од СДСМ, значи дека ниту две минимални плати не се доволни за покривање на основните потреби. Со сегашното ниво од околу 400 евра, минималната плата, според опозицијата, не обезбедува заштита на животниот стандард и не ја следи реалната структура на трошоците во едно просечно домаќинство.
„Работниците буквално се борат за парче леб и не можат да чекаат до 2028 година“, велат од СДСМ, оценувајќи дека Македонија денес има најниска минимална плата не само во регионот, туку и во Европа.
Во реакцијата се споредуваат и состојбите во соседството. Во Косово, минималната плата се зголемува од 350 на 500 евра во две фази, во Албанија од 1 јануари 2026 година минималната плата ќе изнесува 500 евра, во Србија со владина одлука е зголемена на 500 евра, додека во Црна Гора се движи од 600 до 800 евра.
СДСМ предупредува дека последиците од ниските плати веќе се видливи, со масовно заминување на квалификувани работници и млади луѓе во странство, додека во земјата се увезува работна сила. Според партијата, ваквите политики водат кон дополнително намалување на вредноста на трудот, доколку тоа, како што наведуваат, не е и свесна цел на актуелната власт.
Македонија
По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кој секојдневно го посетуваат илјадници граѓани од сите делови на државата.
Според Ѓорѓиевски, во акцијата се вклучени сите јавни претпријатија на Град Скопје, а целта е уредување на, како што посочи, срцето на македонското здравство, по долгогодишна негрижа за овој исклучително важен комплекс. Акцијата, како што нагласи, е директен одговор на оправданите реакции и забелешки на граѓаните.
„Местото каде што се лекува народот мора да биде чисто, безбедно и достоинствено“, порача градоначалникот, додавајќи дека Клиничкиот центар заслужува уредена и пристојна околина.
Во рамки на акцијата се перат и чистат улиците и паркинзите, се сече и отстранува опасната и запуштена вегетација, се чистат сливниците, се метат сите јавни површини со специјализирани возила, како и се подига кабастиот и комуналниот отпад. Според најавите, секој дел од комплексот ќе биде уреден со цел Клиничкиот центар да добие лик соодветен на неговото значење.
Ѓорѓиевски потенцираше дека ова не е изолирана интервенција, туку почеток на континуирана грижа, најавувајќи дека ваквите акции ќе продолжат и во иднина со цел одржување на хигиената и безбедноста во најзначајните јавни простори во градот.

