Спорт
(Видео) Хаос во Турција, претседателот на Фенер со крвава глава го напушти теренот
Фенербахче ремизираше 2:2 со Гецтепе во второто коло од турскиот шампионат. Многу инциденти беа забележани за време и по натпреварот.
Фенер водеше со 2:0, но победата во Измир ја испушти во 93.минута. Сепак, за жал, настаните на теренот повторно останаа во сенка на навивачкото лудило.
Голем број на гостински навивачи не успеале да влезат на стадионот иако имаа валидни билети, па претседателот на Фенербахче Али Коч на полувремето се упатил на трибината каде што беа сместени навивалите на Фенер за да разговара со нив.
Кога Коч ја напуштил трибината и се упатил кон своето место, кон него започнаа да летаат разни предмети, а ситуацијата дополнително се влошила кога бил физички нападнат од непознато лице со акредитација на Гецтепе. Коч со крвава глава го напушти теренот.
17.08.2024🇹🇷Göztepe – Fenerbahçe, The moment Fenerbahçe President Ali Koç was hit by a shower of botles and fell to the ground, more here: https://t.co/Efqv2qxEuT pic.twitter.com/KSWinSveCx
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 17, 2024
Навивачите на Фенер кои не успеале да влезат на стадионот, направија хаос пред стадионот откако заврши натпреварот.
Фенер најави тужба против непознато лице со акредитација кое со тупаници го удри Коч и потоа непречено го напушти стадионот.
17.08.2024🇹🇷Göztepe – Fenerbahçe, Many Fenerbahçe fans with tickets were not allowed inside the stadium, more here: https://t.co/Efqv2qyckr pic.twitter.com/CqcfhVze1d
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 17, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Европа е воодушевена од голот на Луис Дијаз
Фудбалерот на Баерн, Луис Дијаз, постигна еден од најубавите и најтешките голови од почетокот на сезоната.
Поранешниот играч на Ливерпул е одличен во дресот на германскиот гигант, ја потврди својата добра форма со веројатно најефектниот гол оваа сезона, од вкупно шест што ги постигна во Бундеслигата.
Сè што направи во 38-та минута против Унион Берлин беше чисто совршенство на движење, вештина и талент.
Инаку мечот во Берлин заврши 2:2, со што Баерн ја прекина серијата од 16 победи во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.
𝗦𝗧𝗢𝗣 𝗪𝗛𝗔𝗧 𝗬𝗢𝗨'𝗥𝗘 𝗗𝗢𝗜𝗡𝗚 𝗥𝗜𝗚𝗛𝗧 𝗡𝗢𝗪 𝗔𝗡𝗗 𝗪𝗔𝗧𝗖𝗛 𝗧𝗛𝗜𝗦. 👀
Luis Diaz's goal today was simply incredible. 🇨🇴 🤩 ❤️🤍 pic.twitter.com/m0e7GrxER1
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) November 8, 2025
Спорт
(Видео) Ништо ново во Денвер, трипл-дабл на Јокиќ и победа на Нагетс
Денвер Нагетс убедливо ги победија Индијана Пејсерс со 117:100 во ноќта помеѓу саботата и неделата.
Трократниот најкорисен играч Никола Јокиќ, одигра уште еден „брутален“ натпревар и оствари трипл-дабл со 32 поени, 14 скока и 14 асистенции.
Јокиќ имаше дури 8 изгубени топки, но шутираше неверојатни 10/14 од поле и реализираше 11 од 12-те слободни фрлања.
Во деветтиот меч од почетокот на сезоната, Јокиќ го забележа шестиот трипл-дабл. Денвер играа без Џамал Мареј и Ерон Гордон.
Резултати:
Вашингтон Визардс – Далас Маверикс 105:111
Филаделфија – Торонто Репторс 130:120
Атланта Хокс – Лос Анџелес Лејкерс 122:102
Кливленд Кавалирс – Чикаго Булс 128:122
Мајами Хит – Портланд Блејзерс 136:131
Сан Антонио Спарс – Њу Орлеанс Пеликанс 126:119
Денвер Нагетс – Индијана Пејсерс 117:100
Лос Анџелес Клиперс – Феникс Санс 103:114
Спорт
Тренерот на Лејкерси збесна по поразот од Атланта
Џеј Џеј Редик, тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, беше многу лут на својот тим по поразот 122:102 од Атланта Хокс во Џорџија.
Лејкерс го одиграа својот најлош натпревар во сезоната во саботата навечер, а тренерот Џеј Џеј Редик беше исклучително бесен на својата прес-конференција по натпреварот.
„Ништо не беше добро. Хокс играа добро, ние сме разочарани, ќе ги анализираме причините“, рече Редик.
Кога новинар го праша кога сфатил дека играчите „нема да се вклучат“, тој рече:
„Го сфатив тоа во првите две минути. Не видов ништо“, рече Редик додека ја напушташе прес-конференцијата.
Лука Дончиќ беше најефикасен со 22 поени, 5 скока и 11 асистенции, а имаше и 5 изгубени топки и само 7/17 од поле…
Долтон Кнехт му беше друштво со 14 поени, Џејк Ларавија имаше 13, а Џаред Вандербилт одигра фантастично, со 12 поени и 18 скока.
JJ Redick is PISSED 😳
(via @ohnohedidnt24) pic.twitter.com/TgRzErbkyZ
— Lakers Lead (@LakersLead) November 9, 2025

