Црна хроника
Фрлена експлозивна направа во склад за градежни материјали во Шуто Оризари

„Рано утрово околу 1:15 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на излезот од Шуто Оризари кон село Визбегово, скопско, била фрлена експлозивна направа во склад за градежни материјали, сопственост на И.Т., 45-годишник од селото при што била оштетена влезната врата од објектот и дел од инвентарот“, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР информираат дека нема повредени лица, а увид извршила екипа од СВР – Скопје.
Посочуваат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кавадарчанец возел пијан, не пропуштал пешаци, а имал и забрана за управување возило

На 29.03.2025 во 23.30 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Љ.А.(40) од Кавадарци.
Тој на улица „Илинденска“ во Кавадарци управувал патничко возило „пасат“ со бугарски национални ознаки со голема брзина и не пропуштил пешаци на обележан пешачки премин. Од страна на полициски службеници бил сопрен и возилото било привремено одземено по член 344 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Од извршените проверки било утврдено дека лицето го управувало возилото под активна забрана за ,,Б“ категорија, а воедно е утврдено дека има 1.7 промили алкохол во крвта. Љ.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Гостиварец возел со брзина од 173 км на час на место каде е дозволено 80 км на час, поднесена кривична пријава

Вчера во 14.55 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај наплатна станица Гостивар, полициски службеници од ПО за БПС Гостивар го лишиле од слобода З.С.(29) од с.Вруток, гостиварско.
При контрола на патниот сообраќај, било констатирано дека управувал патничко моторно возило „голф“ со брзина од 173 километри на час на место каде што дозволената брзина е 80 километри на час.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Приведен бегалец од затвор, вратен е во затворот во Идризово

Денеска во 03.10 часот полициски службеници од ПС Гостивар, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б.М.(61) од с.Речане кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Идризово.
Б.М. бил осуден на девет години и 11 месеци, а за доиздржување имал три години, пет месеци и 14 дена, а во врска со сторени кривични дела по член 215 и 247 од КЗ.
Тој е спроведен во КПУ Идризово за доиздржување на затворската казна.