Спорт
(Видео) Шампионот рутински со Челси
Манчестер сити го доби првото големо дерби во сезоната. На Стенфорд Броџ, актуелните шампиони го победија Челси со 2:0. Халанд во 18. и К0вачиќ во 84.минута ги постигнаа головите.
Халанд го осигура јубилејниот 100. матпревар за Сити и го постигна 91.гол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Димитријевиќ го освои првиот трофеј со Милано
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ го освои првиот трофеј како играч на Армани Милано.
Милано во финалето на Суперкупот на Италија го победи најголемиот ривал Виртус Болоња со 98:96. Играчите на Милано беа подобри во продолжението откако во регуларниот дел мечот заврши 84:84.
Продолженија на Милано му обезбеди засилувањето од Макаби, Џош Нибо со кош на пет секунди до истекот на времето.
Најефикасен во победничкиот тим беше Џош Ниебо со 20 поени, 9 скока и 3 асистенции, Леандро Болмаро додаде 18 поени, Никола Миротиќ 18 поени, 4 скока и 3 асистенции, Ненад Димитријевиќ 16 поени, 5 скока. и 6 асистенции и Зек Ледеј 11 поени, 5 скока и 1 асистенција.
На спротивната страна Акиле Полонара забележа 18 поени, 4 скока и 1 асистенција, Торника Шенгелија 17 поени.
Спорт
(Видео) Барселона со пет торпеда ја потопи „жолтата подморница“
Барселона го декласира Виљареал на „Керамика“ со 5:1 и го задржа перфектниот старт во сезоната. Во првите шест кола Барселона забележа шест победи, додека Виљареал го запиша првиот пораз.
Прекрасен натпревар одиграа Виљареал и Барселона, а според се она што беше видено, победата на Барселона е заслужена, но Виљареал не заслужи толку убедлив пораз.
Виљареал почна подобро, но потоа се појави Роберт Левандовски. Полјакот постигна два гола во првото полувреме, првиот во 20. минута, вториот во 35. и им донесе големо водство на Каталонците.
Три минути по вториот гол на Левандовски, Виљареал го намали водството преку разигран Ајозе Перез. Она што може да ја загрижи Барселона е повредата на Тер Штеген на крајот од првото полувреме.
Виљареал на стартот на вториот дел тргна во целосна офанзива, поради минимален ифсајд беше поништен голот на Пепе, а потоа истиот играч ја погоди гредата, а Пења имаше спектакуларна одбрана по ударот на Перез.
Во екот на големата иницијатива на домашниот тим, Торе погоди за 1:3 во 58. минута од натпреварот.
Во 66. минута Левандовски промаши пенал, а две минути подоцна на „жолтата подморница“ и беше поништен гол кој го постигна Баи.
Рафиња ги урна сите надежи дека Виљареал може да избегне пораз, а потоа Бразилецот во 84.минута го постави конечен резултат.
Спорт
(Видео) Успешна шок терапија – Рома ја забележа првата победа во сезоната
Иван Јуриќ со победа стартуваше на клупата на Рома. „Волчицата“ во Рим го победи лидерот Удинезе со 3:0. Ова е прва победа за Рома и прв пораз за Удинезе од почетокот на сезоната.
Да потсетиме, Јуриќ оваа недела ја презеде Рома, откако клупската легенда Даниеле Де Роси доби отказ поради лошиот старт на сезоната. Јуриќ беше слободен по заминувањето од Торино на крајот од минатата сезона по три години.
Избраниците на Јуриќ поведоа во 19. минута, кога Артем Довбик со одличен удар на асистенција на Стефан Ел Шарави го матираше гостинскиот голман Мадука Окоје.
На 2:0 од пенал во 49. минута зголеми Пауло Дибала, а конечните 3:0 ги постигна Томазо Балданци по убавата комбинација со Довбик. Јуриќ само една минута пред тоа го внесе Балданци во игра.