Скопје
Се реконструира улицата „Христо Татарчев“ на површина од околу 7000м2

Продолжува градежната офанзива за обнова на патната инфраструктура низ општина Кисела Вода. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во реконструктивните активности на улицата „Христо Татарчев“.
Се работи за еден пообемен потег кој се протега на површина од околу 7000 квадратни метри. Средствата за овој проект се обезбедени преку Светска Банка и Министерството за транспорт и врски, извести општина Кисела Вода.
– Денес се наоѓаме на улицата „Христо Татарчев“, каде ќе се врши целосна реконструкција на потегот од бензинската „Мечкаров“ до кружниот тек на последната станица на автобусот со бр.24. На површина од околу 7000 квадратни метри дотраениот оштетен асфалт ќе се замени со нов, што значи и поудобен и побезбеден сообраќај. Би сакал да се заблагодарам на Светска Банка и Министерството за транспорт и врски кои ја препознаа и финансиски ја поддржаа нашата визија, што ја овозможи реализацијата на овој проект. Истиот, е дел од нашите заложби за темелна обнова на патната инфраструктура низ целата општина. Од општина во која улиците не беа санирани, реконструирани по 30, 40 и 50 години, креираме една нова слика за Кисела Вода, како општина во која повеќе нема да има неасфалтирана улица, рече Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)