Македонија
(Видео) Засега можеме да здивнеме, рече Ангелов откако дождот ги изгасна пожарите кои беснееја низ Македонија

Благодарение на дождот што вчера во попладневните часови падна, пожарите се целосно изгаснати, вели директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
„Вчера имавме многу тежок ден во првата половина затоа што имавме неколку ризични пожари“, рече Ангелов.
Како што додаде, почвата и вегетацијата сега се влажни, а тоа значи дека барем во следните десетина дена ќе биде мирен период.
„Пожарите сигурно ќе продолжат и понатаму, но барем засега ќе можеме да здивнеме. Почвата е делумно влажна, вегетацијата е навлажнета и тоа ни дава надеж и верба дека следниот период ќе биде мирен за нас, барем во наредните десетина дена“, изјави Ангелов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Девет години од катастрофалните поплави во Гази Баба во кои загинаа 22 лица

Денеска се навршуваат девет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица.
Во незапамтеното невреме и катастрофалната поплава беа евакуирани илјадници граѓани, а животот го загубија 22 лица. Најмладата жртва помеѓу загинатите е двегодишно дете од село Стајковци.
Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Голем дел загинаа на скопската обиколница, а некои од нив останаа заробени во домовите од најдојдената вода и се удавија неможејќи да излезат.
Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови.
Граѓаните од целата држава координирани од Црвениот крст, Кризниот штаб и надлежните институции во наредните денови се солидаризираа за собирање на најнеопходната помош за настраданите.
8 август 2016 беше прогласен за Ден на жалост.
Македонија
Над 360 лица ќе ја искористат мерката на Владата за пожарникари

Точно 364 лица, од кои 34 во Скопје, ќе ја искористат мерката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе се обучуваат теоретски и практично за справување со пожарите во Македонија. Нивниот ангажман ќе биде сезонски и ќе биде финансиски поддржан од Владата со по 24 илјади на секој работник, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Одтаму информираат дека обуките веќе се во тек низ 13 градови во државата, со кој се покриваат 28 општини низ државата. Младите лица кои се пријавени на обуките, ќе поминат дводневна обука, со која ќе бидат спремни за само една недела да излезат на терен во справувањето со огнените стихии.
Дел од овие лица, ќе бидат распоредени низ локалните територијални противпожарни единици, а друг дел од нив, ќе бидат во Скопје во Дирекцијата за заштита и спасување. Лицата кои ќе бидат распоредени во ДЗС ќе продолжат со обуките, а по појава на мали пожари кои не се од голем ризик, сезонските работници ќе бидат постепено искористувани да работат на терен и да ги усовршуваат своите способности.
„Со оваа мерка, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека има цел да ги стимулира младите кои не се вработени, да го направат првиот чекор, а потоа оние кои ќе се докажат да добијат и вработување во противпожарните единици низ државата. Исто така да потсетиме и дека за прв пат по 7 години, се употребуваат 38 пренаменети армиски и полициски возила, на располагање се и хеликоптери и авиони, со кои успешно се справуваме со пожарите кои се појавуваат ова лето“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Македонија
Без струја делови од Кисела Вода и Карпош

Без струја денеска ќе бидат делови од општините Кисела Вода и Карпош, информира Центарот за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 06.08.2025 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Таки Хрисик, ул. Тони Богдановски, ул. Борис Трајковски крак 7 и ул. Андреј Богдановски. (Општина Кисела Вода)
· од 09.00 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. Франце Прешерен. (Општина Карпош)“, информира ЦУК.