Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Кривичен суд се претвори во институција портпарол на ставовите на СДС и ДУИ
Да се однесуваше Кривичен суд одговорно, принципиелно и морално, Рамадани ќе беше во затвор, а не избеган. Место да се засрамат, тие само докажуваат зошто и 2 посто рејтинг што го имаат им е премногу, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо да ја префрлаат топката по инструкции на нивните ментори Заев и Ахмети личностите кои го пишуваат соопштението треба да размислат дали срамот кој го трпат да бидат поданици на најобични бандити, има цена и колкава е цената која тие, нивната репутација, репутацијата на чесните судии и државата ја плаќаат. Голема штета за македонското судство е што насилството на малкумина политичари со влијание во судството го нарушува рејтингот и на повеќето чесни и одговорни судии кои совесно си ја вршат работата“, велат од партијата и додаваат:
„Наместо да прават копи пејст на соопштенија од СДС нека се замислат што прават и нека почнат да си ја работат работата одговорно или нека ги остават способните да работат, а тие кои го имаат киднапирано судството веќе 7 години да се повлечат и да си сносат одговорност. Треба да се запрашаат како е можно баш во овие 7 години рејтингот на судството да падне на 2 посто како што на СДС падна на 180 илјади гласови. Има паметни луѓе таму лесно е за сфаќање. Значи дека тоа што се случувало до сега не е добро и народот тоа го препознава. И од институција која не може да згреши, Кривичен суд се претвори во институција портпарол на ставовите на СДС и ДУИ. Наша намера не е да се мешаме во работата на судството, но како и сите имаме право да коментираме и да носиме логични заклучоци кои и на малите деца им се јасни. Нема правда нема мир“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.
Македонија
Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест и да се појави на Анкетна комисија за Кочани
Во пресрет на утрешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, повторно апелираме до пратениците од владејачкото мнозинство и поканетите претставници од власта, да не измислуваат изговори и да се појават на седницата, велат од Левица.
„Повторуваме дека оваа седница е свикана по претставка на родителите на трагично загинатите деца од Кочани, а датумот е успгласен токму со нив, бидејќи единствено утре не е закажано судско рочиште за „Пулс”. Оттука, утре е единствен ден кога родителите би можеле конечно да се обратат од Собранието кон претставниците на институциите од кои зависат одговорноста и промената на системот“, велат од партијата.
Од Левица наведуваат дека три пати се обиделе да закажат седница за трагедијата во Кочани.
„Три пати беше блокирана со директна улога на спикерот Гаши и ДПМНЕ. Власта која не најде сила ниту за комеморативна седница во Собранието, сега нема никаков легитимен изговор да ја кочи расправата. Досегашните изјави на власта дека токму утре било предвидено да се започне расправата за Предлог-буџетот, наоѓајќи алиби за повторно избегнување на седницата, е несоодветен и невистинит. Буџетската расправа трае пет дена, што е повеќе од доволно за да се исцрпи целата дискусија, а рокот за донесување на Буџетот е најдоцна до 31 декември“, велат од Левица.
Од таму упатија апел утре да не се повтори уште еден институционален срам.
„Седницата мора да се одржи, без одлагања, празни изговори и политички калкулации. Родителите доаѓаат да го кажат она што државата со месеци одбива да го слушне. Од власта и државниот врв се очекува, најмалку, да се појават и да погледнат во очи луѓе кои бараат правда, одговорност и промена. Секое ново бегање и саботирање би било уште една навреда за семејствата, но и народот, како и уште еден чекор кон одржување на системот кој дозволува да се повторуваат трагедии“, се наведува во соопштението.

