Контакт

Европа

Мистериозно исчезнување на милијардерот од јахтата кај Сицилија: само неколку дена претходно загина неговиот деловен партнер

Објавено пред

Мајк Линч, британски технолошки претприемач, исчезна кога неговата луксузна јахта потона во близина на брегот на Сицилија, што поттикна теории за тоа што навистина се случило.

dobivaj vesti na viber

Што се случи?

Едно лице е мртво, а шест се водат за исчезнати, меѓу кои и Мајк Линч и неговата ќерка, кога 56-метарската суперјахта Bayesian, која се поврзува со семејството Линч, потона при лоши временски услови.

Пронајдено е едно тело на готвачот на јахтата, а според последните информации, на него имало 22 лица. Сопругата на Линч, Анџела Бакареш, е спасена, пишува Би-би-си.

Кој е Мајк Линч?

Роден на 16 јуни 1965 година, Линч порасна во Есекс. Студирал природни науки на Универзитетот во Кембриџ, каде што докторирал математичко пресметување во 1991 година.

Линч помогна во основањето на Cambridge Neurodynamics, компанија специјализирана за компјутерско откривање и препознавање отпечатоци од прсти.

Неговата технолошка фирма Autonomy беше создадена пет години подоцна користејќи статистички метод познат како Бејсова теорема во сржта на нејзиниот софтвер.

Брзиот раст и успех на компанијата во текот на доцните 90-ти и раните 2000-ти му донесоа на Линч многубројни награди и признанија.

Линч беше во одборот на Би-би-си како неизвршен директор, а во 2011 година беше назначен во владиниот Совет за наука и технологија – советувајќи го тогашниот премиер Дејвид Камерон за ризиците и можностите за развој на вештачка интелигенција.

Компанијата Autonomy стана успешна поради способноста на нејзиниот софтвер да извлекува корисни информации од податоци, како што се телефонски повици, е-пошта и видеа.

По продажбата на Autonomy на HP во 2011 година – за која се верува дека Линч заработи 500 милиони фунти – тој ја основа технолошката инвестициска фирма Invoke Capital.

Но, продажната цена се најде под лупа по самата продажба. Американските обвинители подигнаа обвинение против Линч во 2018 година обвинувајќи го за вештачки надувување на вредноста на компанијата. Сепак, тој беше ослободен во јуни од обвиненијата за повеќекратна измама во САД, што носи 20-годишна затворска казна.

Што е спорно?

Се поставуваат прашања за тоа како суперјахта вредна 30 милиони фунти можела да потоне за време на бура на брегот на Сицилија. Бродот бил закотвен на само 300 метри од брегот кога бил погоден од сомнителен вител поради силните бури во близина на Палермо околу 5 часот наутро.

Бродот, кој превезуваше 10 члена на екипажот и 12 патници, бргу потона, а преживеаните пронајдени на чамец за спасување опишаа дека пливале за своите животи.

Метју Шанк, претседател на Поморскиот советодавен и спасувачки совет, тврди дека потонувањето на толку голем брод поради временските услови е преседан и сугерира дека, и покрај силната бура во тоа време, суперјахтата требало да може да ги издржи услови, пишува „Дејли мејл“.

Линч, кој го нарекуваат британскиот Бил Гејтс, а чиј имот се проценува на 852 милиона фунти, ги одвел семејството и пријателите на патување по ослободувањето од обвиненијата за измама, но уште еден детаљ е сомнителен за многумина.

Поранешниот колега на Линч почина само неколку дена претходно

Имено, партнерот на британскиот технолошки тајкун, кој исчезна во потонувањето на луксузна јахта во близина на брегот на Сицилија, настрада за време на викендот, пишува германската новинска агенција ДПА.

Стивен Чембрлен беше обвинет заедно со Мајк Линч во споменатото судење и почина кога беше удрен од автомобил додека џогирал во текот на викендот.

Токму поради овој редослед на настаните, многумина мислат дека тоа не е само поморска несреќа.

Европа

Дронови во воздушниот простор на Романија во екот на рускиот напад, подигнати борбени авиони

Објавено пред

За време на масивниот руски напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во вторник наутро, наводно беспилотно летало влегло во воздушниот простор на членката на НАТО, Романија, соопштија украинските воздухопловни сили. Романското Министерство за одбрана потврди дека регистрирало два упади на беспилотни летала во нејзиниот воздушен простор во текот на утрото, објавува „The Kyiv Independent“.

dobivaj vesti na viber

Романското Министерство за национална одбрана објави дека околу 6:30 часот по локално време, два германски авиони „Еурофајтер Тајфун“ биле испратени да ги пресретнат беспилотните летала во округот Тулча. Еден час подоцна, два американски борбени авиони Ф-16 полетале во друга погранична област, во округот Галаци.

Министерството додаде дека Ф-16 воспоставиле радарски контакт со дронот околу 7:50 часот наутро. За среќа, немало извештаи за повредени или материјална штета во Романија. Романските власти сè уште официјално не потврдиле дали беспилотните летала биле руски.

Ова не е прв пат беспилотни летала да го нарушат воздушниот простор на НАТО. Најновиот инцидент се случува во време на зголемени тензии, при што земјите во близина на Украина, вклучувајќи ги Полска, балтичките држави и Романија, ги засилуваат безбедносните мерки од страв од прелевање на конфликтот. Честите руски напади врз украинската пристанишна инфраструктура на Дунав, веднаш надвор од Романија, го држат Букурешт во состојба на висока готовност.

Сличен инцидент се случи во септември, кога руски дрон, исто така, влезе во романскиот воздушен простор, но не беше соборен и на крајот се врати во Украина, потврди тогаш министерот за одбрана Јонут Мостеану. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека дронот навлегол околу 10 километри во романска територија и останал во воздушниот простор на НАТО речиси 50 минути.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Зеленски бара притисок врз Русија

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските напади врз Киев во текот на ноќта предизвикале „огромна штета“, додека посебен напад предизвикал „уништување“ во јужното пристаниште Одеса.

dobivaj vesti na viber

Според него, Русија испалила 22 ракети и повеќе од 460 дронови во текот на ноќта. Четири дронови влегле во воздушниот простор на Молдавија и Романија.

„Затоа сите партнери мора да запомнат дека животите мора да се спасуваат секој ден“, рече Зеленски.

„Не смее да има стагнација во помошта. Најважно е сите партнери да се движат кон дипломатија преку заеднички напори. Притисокот врз Русија мора да донесе резултати.“

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Потресни снимки од Киев: луѓе врзувале ќебиња за да избегаат од запален стан

Објавено пред

Шокантно видео кружи на социјалните мрежи утрово по синоќешниот насилен руски напад врз Киев, главниот град на Украина. Најмалку шест лица беа убиени, а 14 беа повредени во нападот извршен со дронови и ракети.

dobivaj vesti na viber

Иако беа соборени голем број руски дронови и ракети, две станбени згради во Киев беа погодени, што предизвика пожар.

Поранешен советник на украинското Министерство за украински работи објави видео на Икс за кое тврди дека покажува импровизирано „јаже“ од ќебиња и чаршафи спуштено низ прозорец од страна на жителите на Киев во обид да избегаат од една од погодените згради, која се запали по рускиот напад.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Владата именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште

Владата на денешната седница именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште во кои што на локалните...

Свет12 часа

Украина се согласи на мировен договор со Русија, тврдат САД

Украина се согласи на договор за прекин на војната со Русија, при што остануваат само мали детали, изјави американски функционер...

Македонија12 часа

Уапсени директори и заменик министер за земјоделство: излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра

Полицијата денеска уапси пет лица осомничени за злоупотреба на стоковите резерви, излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра....

Македонија13 часа

Откажано утрешното рочиште за „Пулс“: Недостасуваат адреси од оштетени и нивни застапници

Утрешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица и околу 200 се повредени, е...

Македонија14 часа

Не е работа на бранителот да биде судска достава, забележаа адвокатите и побараа судот да им го достави интегрираното обвинение и на обвинетите за „Пулс“

Место воведни зборови од одбраната и изјаснување дали се чувствуваат виновни обвинетите за пожарот во кочанската дискотека “Пулс”, денешното второ...

Македонија15 часа

Мицкоски: 6.045 пристигнати апликации, најголем интерес за искористување на мерката за самовработување

Како Влада, силно веруваме дека економијата расте тогаш кога граѓаните имаат поддршка да создаваат, да иновираат и да стануваат претприемачи,...

Топ16 часа

42-годишник пронајден мртов кај селото Нераште: наредена е обдукција, ќе се вештачат траги најдени на местото

Обвинителството извести дека е извршен увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите...

Македонија17 часа

Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации

Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други...

Европа18 часа

Зеленски пред тежок избор: планот на Трамп или несигурните Европејци, пишува Политико

Европските претставници вчера воздивнаа со олеснување, верувајќи дека разговорите во Женева вродиле со плод и дека Доналд Трамп ќе ги...

Македонија18 часа

Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење

Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата...

Европа18 часа

Би-би-си: Украинците би можеле да се согласат на изменет мировен план, Русите се друга приказна

Доналд Трамп силно сака мировен договор во Украина. Киев сака мир уште повеќе, но не по секоја цена, пишува Би-би-си...

Свет19 часа

САД преговараат со Русите и Украинците: „Мора да бидеме сигурни дека Русите се согласуваат со ова“

Секретарот на американската армија, Ден Дрискол, пристигна во Абу Даби доцна синоќа на разговори со шефот на украинската воена разузнавачка...

Свет19 часа

Венецуела до авиокомпаниите: Имате 48 часа да ги продолжите летовите или ќе ја изгубите дозволата

Венецуелскиот институт за авијација денес им соопшти на меѓународните авиокомпании дека мора да ги продолжат летовите до земјата во рок...

Свет20 часа

ОН: На секои десет минути жена е убиена од близок човек

ОН вчера соопшти дека минатата година речиси 50.000 жени и девојки биле убиени од интимен партнер, осудувајќи го недостатокот на...

Европа20 часа

(Видео) Зеленски испрати драматично предупредување: неколку часа подоцна, Русите брутално го нападнаа Киев

Русија синоќа започна жесток напад врз Киев и други украински градови, користејќи беспилотни летала „Шахед“ и балистички ракети „Кинжал“. Нападите...

Македонија2 дена

Мицкоски не знаел за инцидентот со Аца Лукас, но најави строга контрола на естрадата: Јасни се законите и правилата, секој мора да ги почитува

Премиерот Христијан Мицкоски од кого викендов на социјалните мрежи се бара извинување по приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас во...

Македонија2 дена

Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели Мицкоски откако судот најави отворање предмет за случајот на Јанкулоска

Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели премиерот, Христијан Мицкоски, откако судот најави отворање предмет за случајот...

Топ2 дена

Уапсен 16-годишник од Охрид: силувал 12-годишно девојче, друг малолетник го снимал, а трет го уценувал девојчето

Денеска во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025...

Топ2 дена

Бебе почина во Општата болница во Кичево: било донесено во тешка здравствена состојба

Вчера во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение при Општата болница во Кичево во тешка...

Македонија2 дена

„По налог на Груевски Мицкоски ја враќа државата деценија назад“, велат од СДСМ

„Македонија повторно се наоѓа во изолација. Наместо држава што чекори напред, со јасна европска перспектива, денес гледаме изолирана земја додека...