Свет
(Видео) Камерите ги снимија последните моменти од суперјахтата во која беа милијардерите: набргу потона на дното
Безбедносните камери ги снимија последните моменти на суперјахта што потона поради силните ветрови крај Сицилија во понеделникот. Меѓу другото, на јахтата бил и милијардерот Мајк Линч.
Очевидци тврдат дека суперјахтата потонала за не повеќе од 60 секунди.
„Јасно можеше да се види што се случува. За тој брод немаше излез, исчезна за многу кратко време“, изјавиле очевидци за агенцијата „Анса“.
На луксузната јахта Bayesian, долга 56 метри и вредна милиони евра, во моментот на потонувањето имало 10 члена на екипажот и 12 гости, од кои 15 биле спасени.
Италијанската крајбрежна стража вчера соопшти дека телото на готвачот Рекалдо Томас е извлечено од водата.
Сѐ уште се трага по шест лица, а меѓу нив е и сопственикот на јахтата, британскиот тајкун Мајк Линч и ќерка му Хана (18). Сопругата на Личн, Анѓела Бакареш, беше спасена.
Потрагата продолжува по Џонатан Блумер, претседателот на Morgan Stanley International, Крис Морвило, адвокат во големата фирма „Клифорд Ченс“, и нивните сопруги – Џуди Блумер и Нед Морвило.
Спасувачките тимови непрекинато трагаат веќе два дена, а во потрагата се вклучени и припадници на крајбрежната стража, пожарникари, специјални нуркачи, како и пилоти што летаат со хеликоптери над областа.
Ник Слоун, инженерот што ја водеше операцијата за спасување на потонатиот брод „Коста конкордија“ во 2013 година, вчера изјави дека нуркачите што трагаат по преживеани влегле во критичните 24 часа и дека доколку некој останал жив во воздушните џебови внатре во бродот, има сѐ помалку време за негово извлекување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

