Македонија
Дали Блерим Рамадани бил на Шапка за да гледа парцели, омиленото место за дивоградби на ДУИ, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Дали Блерим Рамадани бил на Шапка за да гледа парцели, омиленото место за дивоградби на ДУИ, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали ДУИ се ангажираат на Блерим Рамадани затоа што имаат приватен бизнис интерес од него?
Дали Али Ахмети му дава налог на Пајазити да овозможи бегство на Блерим Рамадани затоа што истиот има интерес од него?
За кого работи Пајазит Пајазити?“, додаваат од партијата на власт.
Институциите, велат од ВМРО-ДПМНЕ, да отворат постапка и да го разрешат Пајазити, кој ја извалка функцијата судија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Обвинителите го прашуваат таткото на Вања зошто бил невработен и каков ученик бил: „Со Шекеринска бевме првенци на генерација“

Во судот сведочи денес Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска, кој одговара на прашањата на обвинителите.
Во испитувањето се осврнаа на неговата долгогодишна невработеност, на што тој вели дека неговата сопруга Зорица работела оти платата ѝ била поголема додека тој се грижел за децата.
Тој беше и прашан каков ученик бил на што одговори: До петто одделение учев со Радмила Шеќеринска со која бевме првенци на генерација. Сакаа да ни ги сецираат мозоците за да видат што имаме во главите. Потоа во тинејџерските денови попуштив со учењето. Ме запиша татко ми во средно економско училиште, за полесно да ме вработел”, сведочеше таткото на Вања.
Обвинителството со прашањата се обидува да го дискредитира Ѓорчевски за да докаже дека учествувал во заговорот да ѝ се бараат пари на мајката на Вања за откуп.
Обвинетите Манев, Видевски и Кешишев во сведочењата претходно рекоа дека не го познавале Александар Ѓорчевски и ја отфрлија неговата поврзаност во счучајот со грабнувањето и убиството на неговата ќерка. На претходното рочиште и Ѓорчевски рече дека не ги познава, и мижи со очите кога сведочат оти повеќе не може да ги гледа и слуша како раскажуваат што му направиле на неговото дете.
Македонија
Законот за судска служба објавен на ЕНЕР

Предлог Законот за судска служба е подготвен и објавен на ЕНЕР, треба да се донесе до јуни 2025 година, информира Министерството за правда.
„Министерството за правда пристапи кон изготвување на овој закон во кој се инкорпорирани препораките од повеќе домашни и меѓународни извештаи и документи кои се однесуваат на потребата за унапредување на статусот на судската служба , содржани во Стратегијата за човечки ресурси во судска служба и препораките од Реформската агенда.
Со цел да се обезбеди независност на судството, Предлог законот предвидува изземање на судските од административните службеници регулирајќи ги правата и статусот на вработените во судската служба“.
Со ова како што велат, се воспоставува систем за управување со ефектот на судските службеници, работните цели и задачи, утврдување на индивидуалниот план за стручно усовршување, како и постапка за оценување на ефектот на судскиот службеник.
Се интервенира во одредбите за висината на платата со цел привлекување, задржување и мотивирање на вработените; регрутирање на висококвалитетни кандидати на соодветни работни места и вршење на избор со помош на ефикасни и транспарентни алатки.
Оваа реформа според ресорното министерство е од клучно значење за мотивирање на вработените кои треба да бидат посветени во давањето на висококвалитетни јавни услуги
„Со ова законско решение се излегува во пресрет на синдикатите и нивните долгогодишни барања.
Сите заинтересирани имаат можност да дадат свои коментари, предлози и сугестии на Предлог законот за судска служба кој според реформската агенда треба да се донесе до јуни 2025 година“, се истакнува во соопштението.
Македонија
„Пред велигденските празници ќе бидат достапни сите лекови за онколошките пациенти во количини за наредните 12 месеци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС повторно шири лаги и манипулации. СДС се препознатливи единствено по неговата навика да користи чувствителни теми за да го има во медиумскиот простор, дури и по цена да бараат тема таму каде што нема“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„Лекови за сите онколошки болни пациенти ќе има. Како што веќе објаснија од надлежните институции, моменталниот недостаток на дел од терапијата за онколошките пациенти е поради промени во системот за јавни набавки и за недела дена, односно пред велигденските празници сите лекови ќе бидат достапни во стабилни количини за наредните 12 месеци.
Оттука го повикуваме СДС да престане да шири паника, лаги и манипулации.
Исто така, потсетуваме дека СДС е партија која ја води Венко Филипче, кој порано бил министер за здравство и кој е директно одговорен за наследената лоша состојбата во македонското здравство.
Кога сме кај грижата на СДС, токму за ваквите пациенти болни од рак, само ќе повториме дека СДС е партија во чие време на владеење на онколошките пациенти наместо терапија им се даваше физиолошки раствор, а скапата терапија завршуваше на црниот пазар“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.