Контакт

Забава

Детали за разводот: Џеј Ло и Бен не потпишаа предбрачен договор, сега делат милиони

Објавено пред

Странските медиуми објавија детали за разводот на Џенифер Лопез и Бен Афлек. Се дозна дека пејачката и актерка го дала 26 април 2024 година како датум кога престанале да живеат заедно. Датумот на поднесување е 20 август, точно на втората годишнина од нивната венчавка, одржана на 20 август 2022 година.

dobivaj vesti na viber

Многумина беа изненадени од информацијата дека парот наводно не потпишал предбрачен договор. Без предбрачен договор, индивидуалната заработка на Џенифер и Бен во изминатите две години, без разлика дали од филмски проекти или други големи бизниси, се заедничка сопственост.

Џенифер, која има нето-вредност од 400 милиони долари, снимила четири филма откога се омажила за Бен, вклучувајќи го и проектот This Is Me… Now: A Love Story, вреден 20 милиони долари, кој сама го финансира и кој ја документира романсата на парот. Таа лансира и коктели „делола“ и требаше да оди на светска турнеја, која на крајот беше откажана.

Бен, кој има нето-богатство од 150 милиони долари, глумеше во филмовите Air (2023) i Hypnotic (2023). Тој исто така неодамна ја заврши продукцијата на продолжението на „Сметководител“ од 2016 година За дополнително да ги комплицираат работите, Џенифер и Бен работеа заедно на претстојниот филм „Незапирливи“. Афлек го продуцира проектот со Мет Дејмон, а Лопез е во главната улога.

Наводно, одлуката за конечен развод била поттикната токму од несогласувањето за парите. ТМЗ пишува дека преговорите за финансиско решение траат со месеци. Во мај на продажба ја ставиле и вилата во која живееле заедно. Ја купиле за 60 милиони долари, а ја продаваат за 68 милиони.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Фото) Меланија Трамп привлече внимание во ОН во бела комбинација

Објавено пред

Првата дама на САД, Меланија Трамп, му се придружи на својот сопруг Доналд на патувањето во Обединетите нации, а за пригода таа се одлучи за елегантна модна комбинација.

dobivaj vesti na viber

Кога излезе од „Трапм тауер“, таа носеше впечатлив бел костим со панталони од „Долче и Габана“, во комбинација со блуза во кафеава боја од брендот „Макс Мара“.

Интересно е што италијанското дуо Долче и Габана го дизајнира и костимот што го носеше за нејзиниот официјален портрет во Белата куќа во 2025 година. Иако Меланија е позната по својот софистициран изглед за важни настани, ова не е првпат таа да се одлучи за панталони.

Деловниот изглед оваа недела е значително поскромен од нејзиното прво јавно појавување во Мисијата на САД во ОН во 2018 година кога воодушеви во розов фустан од „Делпозо“ со драматични ракави, во комбинација со жешки розови штикли од „Маноло Бланик“.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Александра Пријовиќ го прослави својот 30-ти роденден и покажа како изгледа 20 дена по породувањето

Објавено пред

Српската пејачка Александра Пријовиќ наполни 30 години, а на својот „Инстаграм“ сподели дел од атмосферата од прославата со своите најблиски.

dobivaj vesti na viber

Таа објави видео во кое пее песна додека ја прегрнува својата баба. Како што напиша, тоа била првата песна што ја научила од неа.

Покрај видеото со баба ѝ, Александра објави и фотографија на која позира со својот сопруг Филип Живоиновиќ во прегратка. Таа носеше црвен фустан за да прослави покажувајќи ја својата фигура 20 дена по породувањето.

Александра роди девојче на 3 септември во приватна клиника во Белград. Александра и Филип Живоиновиќ ја крстија својата ќерка Арија.

Набргу таа објави фотографија на „Инстаграм“, на која ја држи раката на своето новородено девојче.

„Животот ни даде сè“, напиша таа заедно со емотикон во форма на розово срце.

Прикажи повеќе...

Забава

Српската пејачка ги изненади обожавателите со прашање за воспитувањето деца: Дали тепањето дојде од рајот?

Објавено пред

Српската пејачка Марија Шерифовиќ објави анкета во својот „Инстаграм“ поврзана со воспитувањето, која ја сподели со публиката. Марија стана мајка на Марио кон крајот на 2023 година и оттогаш споделува моменти со него на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

Овој пат таа се осврна на контроверзна тема, која некои не ја поддржаа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

„Да ја почнеме неделата со малку балканска анкета за родители: Дали тепањето дојде од рајот?“, ги праша таа своите обожаватели.

Дури 68 проценти од луѓето се согласија со изјавата, а 32 процента веруваат дека физичкото казнување не е исправно во воспитувањето деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

По анкетата, Марија објави видео наречено „Непопуларна психологија: љубов, образование, цврста рака и карактер“. Во видеото се споменува дека во модерното време има премногу грижа за правата на децата и дека улогата на таткото ја изгубила својата важност.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Спирометрија, ЕКГ и други испитувања денес и утре ќе им се прават на жителите на Трубарево: многумина одбија да се евакуираат за време на пожарот, вели министерот Алиу  

Денес и утре, во периодот од 10 до 16 часот, две екипи од Клиниката за пулмологија со амбулантни возила ќе...

Македонија30 минути

Арсовска до Мицкоски: Им се извинувам на граѓаните што сум мислела дека си чесен, професор и интелектуалец не знаејќи каков навистина си

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со реакција по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека чуствува одговорност што ја поддржал Арсовска...

Македонија1 час

За несобраното ѓубре во Скопје ќе има одговорност и ќе има име и презиме, работиме внимателно и не правиме естрада, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, уште еднаш им се извини на скопјани за тоа што пред четири години ја поддржал Данела Арсовска...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Судството во служба на Заев и Филипче, пресудата за докторката од Онкологија е срамна

ВМРО-ДПМНЕ реагира на одлуката на судот да изрече условна казна од две години за докторка од Клиниката за онкологија и...

Свет5 часа

(Видео) Огромна дупка се отвори на пат во Бангкок

Дел од патот се урна утрово пред болницата Ваџира во главниот град на Тајланд, Бангкок. Дупката беше долга 30 метри,...

Свет6 часа

(Фото) Супертајфунот го погоди Хонг Конг; 14 мртви, повеќе од 100 исчезнати на Тајван

Супертајфунот Рагаса, најсилниот тропски циклон во светот оваа година, го погоди денеска Хонг Конг, со ветрови со сила на ураган...

Свет6 часа

Трамп: Украина може да врати сè што изгуби, можеби и повеќе! Путин е во голема неволја

Американскиот претседател Доналд Трамп објави порака на својата социјална мрежа во која тврди дека Украина, со поддршка на Европа и...

Европа7 часа

(Фото) Украинците уништија еден од најмоќните руски системи

Руски извори објавија снимки што индиректно го потврдуваат успехот на неодамнешниот украински напад, на кои се прикажани уништени и тешко...

Свет7 часа

Ердоган: Израел ги користи нападите на Хамас за да изврши геноцид во Газа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека израелската влада го користи терористичкиот напад на палестинската исламистичка група Хамас како изговор...

Свет7 часа

(Видео) Трамп: Зеленски е голем човек, НАТО треба да соборува руски авиони што го нарушуваат воздушниот простор

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Њујорк по неговиот говор пред Генералното собрание на...

Македонија18 часа

Доаѓаат тешки моменти за корумпираните судии, обвинители, политичари и бандити, најави ВМРО-ДПМНЕ

Со судството и обвинителството во Македонија, како што велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, раководи кланот Заеви и кланот Ахмети. Тие, според...

Македонија18 часа

Поради нерегуларности, привремено запира со работа приватниот Факултет за бизнис економија во Скопје , одлучи МОН

Поради констатирани нерегуларности во работењето и непостапување по задолжение за отстранување на истите, Министерството за образование и наука информира дека...

Македонија22 часа

Здружението на судии: Нема да ја коментираме неправосилната пресуда за „Онкологија“

Здружението на судии на Република Северна Македонија соопшти дека нема да даде коментар за неправосилната пресуда во предметот познат како...

Македонија24 часа

Утре и задутре пулмолози ќе проверуваат колку им се оштетени белите дробови на жителите на Трубарево и околината

Два тима од Клиниката за пулмологија и алергологија утре и задутре ќе ги посетат жителите на Трубарево и околните места...

Македонија1 ден

Субвенции за филтри на оџаците за домаќинствата што се греат на дрва, Мицкоски најави вонредна мерка за почист воздух

Во пресрет на новата грејна сезона Владата размислува за субвенции за филтри на оџаците за домаќинствата што се греат на...

Македонија1 ден

Мицкоски за пресудата за случајот „Онкологија“: Со вакви одлуки судиите и обвинителите не си ги заслужуваат платите, а бараат уште поголеми

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на условната казна за докторката која призна злоупотреба на Клиниката...

Топ1 ден

Планинари од Белгија спасени од полициски тим: биле нападнати од овчарски кучиња, па бегајќи од нив, се качиле на столб за мобилна телефонија

Вчера во 19:13 часот во ОВР Дебар е примен повик за помош од страна на белгиски државјани кои планинареле во...

Македонија1 ден

Животот на Теодора згасна, а казната изгледа како подбив наместо вистинска правда, добивме минимизирање на трагедијата што нè скрши, вели семејството Ристовски

Семејството на починатата Теодора Ристовска преку писмено сооопштение извеси дека Апелациониот суд во Гостивар ја потврди пресудата на Основниот суд...

Македонија1 ден

„Судството со скандалозната условна казна за докторката од Онкологија покажа дека му служи на друштвото на Заев, Филипче и на уште неколкумина од СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Судството и обвинителството од ден на ден покажуваат само едно, дека работат исклучиво под диктат. И тоа под диктат на...

Свет1 ден

Уште три европски земји ја признаа Палестина

Премиерите на Луксембург, Малта и на Монако официјално ја признаа државата Палестина вчера на Генералното собрание на Обединетите нации. „Ова...