Македонија
Лекари од приватното здравство сакаат да се вратат во јавните болници, ќе се ангажираат таму каде што нема кадар

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска соопшти дека на седница на Владата се дискутирало за изнаоѓање решение со кое ќе им се овозможи на докторите од приватно здравство да се вратат во јавното со оглед дека постои интерес. Како што појасни, тоа ќе се однесува на експерти со над 10 години работно искуство, кои ќе бидат ангажирани во болници во кои има недостиг од кадар.
„Ние како Влада ќе побараме решение одредени експерти што имаат над десет години искуство како специјалисти и супспецијалисти да ги вратиме во клиниките и болниците во кои има недостиг на кадар и сигурен сум дека ќе изнајдеме решение одреден број од нив да се вратат. Тоа укажува дека се враќа доверабата во јавно здравствените установи“, нагласи Таравари.
За одлуката на Владата да се формира комисија за изградба на дополнителни гаражи во Клиничкиот центар во Скопје, од кои некои ќе бидат и катни, тој дополни дека јавниот повик ќе го спроведе комисија.
Таравари нема информации колку компании се пријавиле досега во врска со тековниот тандер за компресорската станица за хируршките сали во Клиничкиот центар и додаде дека тоа ќе биде познато по завршувањето на тендерот, на 12 септември.
Прашан за состојбата со коронавирусот во државата, првиот човек во здравството одговори дека бројот на регистрирани позитивни на коронавирус во земјата е зголемен и укажа дека треба да се почитуваат антиковид-правилата за проветрување и хигиена. За хоспитализираните пациенти кај кои ќе се открие вирусот, рече дека треба да продолжат да се лекуваат на истата клиника.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.