Црна хроника
Две лица пронајдени починати во своите домови во Скопје без траги на насилство
Полицијата вчера регистрира два случаи на починати лица во Скопје.
Во 08.00 часот било пријавено дека во сопствениот дом на подрачјето на Карпош во Скопје била пронајдена почината М.В.(75) од Скопје, која имала здравствени проблеми.
Во сопствениот дом на подрачјето на Чаир, околу 14:40 часот бил пронајден починат И.С.(69) од Скопје, кој имал здравствени проблеми.
Како што информира МВР, во двата случаи, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телата на починатите се предадени на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инцидент во филијала за брзи кредити на Бит Пазар: маж со оружје се обидел за земе пари
Инцидент се случил вчера во филијала за брзи кредити на подрачјето на Бит Пазар.
Маж со закана со огнено оружје се обидел да одземе пари од вработената, но во намерата бил спречен од странка во објектот, по што го напуштил местото на настанот, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Девојчиња истепани од нивни врснички во Карпош
Две девојчиња биле нападнати вчера од малолетнички на подрачјето на Карпош.
Случајот во МВР го пријавил еден од родителите на девојчињата.
„Околу 18.00 часот, на подрачјето на Карпош, малолетно девојче и неговата другарка биле физички нападнати од две други малолетнички“, објави полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Покрив и кат од семејна куќа изгореа во Струмица
Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и кат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица.
Пожарот го гаснеле три против пожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и ликвидираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета.
Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.