Македонија
Мицкоски: Секој што згрешил пред законот – ќе одговара, убиството кај „Мавровка“ е расчистено, институциите експресно реагираа
„Најпрвин дозволете ми да изразам жалење за тој грозоморен чин и за загубениот човечки живот“, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за убиството пред „Мавровка“ и обвинувањата на опозицијата дека институциите не ги презеле сите мерки навреме и додаде:
„Но, она што е важно е дека веќе во серија, криминалци и корумпирани судии и обвинители се одговорни пред законите и институциите откако најпрвин врховниот судија и оној обвинител, кој е дел од Советот на јавните обвинители, призна вина дека учествувале во коруптивен скандал и дека на тој начин само ги докажаа тезите што ние ги имаме дека имаме партизирано оптруирано Обвинителство, но и судство, во најголема мерка“.
Тој истакна дека институциите бргу реагирале на расчистување на овој грозоморен чин и ги привеле сторителите, нешто што не било случај во минатото.
„Сега следуваше втор чин кога институциите бргу молскавично сторителите на овој грозоморен чин ги приведоа и ги извадија пред органите на правдата. Сите буквално учесници се приведени, нешто што во минатото не беше случај. Нешто што морам да признам во минатото не беше случај и затоа довербата во правната држава беше еднаква на нула“, истакна Мицкоски.
„Добро е што последните мерења, конкретно од август, кои како партија ги правиме во довербата во институциите во борбата против криминалот и корупцијата, постепено се враќа и можам со задоволство да кажам дека првпат имаме повеќе наши сограѓани што веруваат во борбата против криминалот и корупцијата на оваа Блада отколку што не веруваат. И тоа е само уште една причина повеќе да продолжиме да се бориме со овие криминални битанги, без разлика дали се вакви безочни криминалци или криминалци во политиката“, изјави тој.
Дециден е дека сите што згрешиле пред законот ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
„Набргу од денеска, сите што згрешиле пред законот ќе бидат изведени пред лицето на правдата, вклучително и оние групи што во последно време се обидуваат да бидат активни во скопското подземје, ги следиме и нив“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.
Македонија
Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест и да се појави на Анкетна комисија за Кочани
Во пресрет на утрешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, повторно апелираме до пратениците од владејачкото мнозинство и поканетите претставници од власта, да не измислуваат изговори и да се појават на седницата, велат од Левица.
„Повторуваме дека оваа седница е свикана по претставка на родителите на трагично загинатите деца од Кочани, а датумот е успгласен токму со нив, бидејќи единствено утре не е закажано судско рочиште за „Пулс”. Оттука, утре е единствен ден кога родителите би можеле конечно да се обратат од Собранието кон претставниците на институциите од кои зависат одговорноста и промената на системот“, велат од партијата.
Од Левица наведуваат дека три пати се обиделе да закажат седница за трагедијата во Кочани.
„Три пати беше блокирана со директна улога на спикерот Гаши и ДПМНЕ. Власта која не најде сила ниту за комеморативна седница во Собранието, сега нема никаков легитимен изговор да ја кочи расправата. Досегашните изјави на власта дека токму утре било предвидено да се започне расправата за Предлог-буџетот, наоѓајќи алиби за повторно избегнување на седницата, е несоодветен и невистинит. Буџетската расправа трае пет дена, што е повеќе од доволно за да се исцрпи целата дискусија, а рокот за донесување на Буџетот е најдоцна до 31 декември“, велат од Левица.
Од таму упатија апел утре да не се повтори уште еден институционален срам.
„Седницата мора да се одржи, без одлагања, празни изговори и политички калкулации. Родителите доаѓаат да го кажат она што државата со месеци одбива да го слушне. Од власта и државниот врв се очекува, најмалку, да се појават и да погледнат во очи луѓе кои бараат правда, одговорност и промена. Секое ново бегање и саботирање би било уште една навреда за семејствата, но и народот, како и уште еден чекор кон одржување на системот кој дозволува да се повторуваат трагедии“, се наведува во соопштението.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на ГП „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 15:00 часот е нормализиран во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

