Спорт
Трипие е вишок во Њукасл

Заврши љубовта меѓу Њукасл и Киран Трипие. Њукасл на искусниот десен бек му порача да си бара нов клуб.
Англискиот репрезентативец минатата сезона имаше многу проблеми со повредите, пропушти речиси 50 отсто од натпреварите, но сепак и тоа го оддалечи подолг период од терените.но сепак беше дел од националниот тим на Европското првенство.
Во Њукасл претставуваше важен „шраф“ во походот кон Лигата на шампионите, кој го играа минатата сезона. Сепак минатта сезона „страчките“ не успеаја да го повторт тој успех, не успеаја ниту да изборат место во европските купови.
Трипие нема да биде продаден и покрај тоа што договорот му истекува на крајот од сезоната. Евертон ги започна прговорите околу нагажманот на Трипие.
Во кариерата, Трипие за Манчестер Сити, Барнсли, Барнли, Тотенхем и Атлетико Мадрид. Најголем успех на клупски план му е титулата во Шпанија со Атлетико во сезоната 2020/2021.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“