Црна хроника
Пронајдена дрога во штипско, уапсени маж и жена
Денеска, по преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишија од слобода 41-годишната Е.И. од село Нов Караорман, а со престој во Штип и нејзиниот сопруг 52-годишниот Н.Д. од Штип, извести МВР.
„Имено, околу 11.00 часот на место викано “Шумска куќа” на патот за с.Шашаварлија, лицата пристигнале со патничко возило “фолксваген пасат” со штипски регистарски ознаки, од кое излегла Е.И.. Откако ископала наркотична дрога, која претходно ја закопале, таа веднаш била лишена од слобода и спроведена во СВР Штип, а дрогата била одземена. Притоа, Н.Д. со возилото го напуштил местото и покрај издадената наредба да застане и испуканиот предупредувачки истрел во воздух. Набргу, по преземени мерки, и тој бил пронајден и лишен од слобода“, соопшти МВР.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Опожарено патничко возило во Батинци, нема повредени
Ноќеска околу 01:05 часот во село Батинци, скопско, било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б. од Батинци.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при инцидентот нема повредени лица. Извршен е увид, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете тепало дете во основно училиште во Драчево
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 21:40 часот, А.А. (43) од Скопје пријавил дека на 21.11.2025 околу 09:45 часот, во основно училиште во населбата Драчево неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопругата го пријавила дека ја тепал, па потоа тој ја пријавил неа
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 13:00 часот, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 45-годишен сопруг, кој ѝ го одзел и мобилниот телефон.
Подоцна, околу 20:30 часот, 45-годишниот маж од Скопје исто така пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга, и тоа во истиот временски период – околу 13 часот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

