Скопје
„Град Скопје не смее да биде жртва на ДПМНЕ и нивниот кандидат“, вели партијата Левица
„Скопјани повеќе од две години се заложници на меѓусебното инаетење на Арсовска и Мицковски, кои заедно во предизборната кампања ветуваа „Модерно Скопје“. Мицкоски, конечно, призна дека ДПМНЕ ја саботира работата на Град Скопје“, вели партијата Левица.
„По средбата на скопската градоначалничка Арсовска со премиерот Мицкоски, на вчерашната координацијата со координаторите на советничките групи, којашто се одржа во Град Скопје, се насетува извесно затоплување на односите.
Интересно е што после координацијата, премиерот Мицковски изјави дека ги охрабрува советниците од ДПМНЕ во Советот на Град Скопје да ги поддржат програмите на јавните претпријатија, со цел да се стави „ред во хаосот“.
Оттука се наметнува прашањето:
Зошто досега советничката група на ДПМНЕ не ги гласаше овие програми (кој издал таква наредба?) и со тоа директно ја саботираше работата на претпријатијата, што ги прави директни учесници во креирањето на хаосот во Скопје?
Град Скопје е во колапс подолго време поради нефункционалноста на јавните претпријатија! Градоначалничката Арсовска на неколку месеци ги менува директорите на претпријатијата, додека, пак, советниците на ДПМНЕ во Советот на Градот не ги гласаат програмите според кои работат јавните претпријатија. Згора на сè е тоа што ДПМНЕ, коешто има мнозинство во управните и надзорните одбори на јавните претпријатија, дополнително ја отежнува работата на претпријатијата.
По повикот на Мицкоски до советниците од неговата партија, не знаеме како ќе гласа советничката група којашто го има мнозинство во Советот на Градот.
Останува да видиме дали ќе има доза на вразумување на седницата којашто ќе се одржи следниот четврток, но повеќе од сигурно е дека штетата што ја направија со досегашното саботирање на клучните програми, скопјани ќе ја чувствуваат уште долго“, се наведува во соопштението на партијата Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

