Црна хроника
Кривична за адвокат од Ресен: со лажни договори и полномошно од покојник оттуѓил недвижен имот и добил над 30. 000 евра
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против С.Т.(60) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на исправа со невистинита содржина“.
Во текот на 2022 пријавениот, адвокат од Ресен, со свој потпис и печат оверил два договори за купопродажба на недвижен имот, кои ги употребил при солемнизација пред нотар во Тетово, а притоа се потпишал и во графата продавач, за што употребил полномошно со невистинита содржина од 94 – годишно лице, кое било починато пред повеќе од два месеци пред заверката.
Изготвените договори и полномошно ги искористил наведувајќи податоци од патна исправа, издадена од странска земја на име на починатиот.
Исто така, договорот за купопродажба на недвижен имот од 14.07.2022, пријавениот го употребил за солемнизација на нотар и притоа навел податоци од патна исправа издадена од странска земја и употребил полномошно со невистинита содржина, а полномошник било починатото лице.
Недвижниот имот, сопственост на наследникот на покојниот, пријавениот го оттуѓил на трето лице и се здобил со противправна имотна корист во износ од 2.273.965 денари, исплатени на негова сметка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

