Македонија
Сиљановска Давкова ги прими лауреатот, добитничките на награди и организаторите на 63. издание на Струшките вечери на поезијата
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими лауреатот и добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата за 2024 година, Жан-Пјер Симеон, добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“, Катица Ќулавкова, добитничката на наградата „Мостови на Струга“, Катрин Пиц и добитничката на возобновената награда „Млада Струга“, Филипа Сара Попова.
На средбата присуствуваа Тодорче Тасевски, директорот на Струшките вечери на поезијата, Елизабета Шелева, претседателка на управниот одбор на фестивалот и Јордан Плевнеш, поранешниот македонски амбасадор во Франција и препејувач на поезијата на лауреатот Жан-Пјер Симеон.
Посочувајќи дека Струшките вечери на поезијата, со повеќе од шест децениското постоење и автентичност, го имаат приматот на еден од најстарите и најзначајни светски поетски фестивали, претседателката ја поздрави годинашната богата програмска содржина и ја истакна неговата непроценлива важност за презентација на македонското и светското поетско творештво.
На средбата, Сиљановска Давкова упати честитки до годинашниот лауреат, францускиот поет, драматург и есеист Жан-Пјер Симеон и до добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“, академик Катица Ќулавкова, истакнувајќи го нивниот значаен творечки, литературен и поетски придонес, како и до младите поетеси Катрин Пиц и Филипа Сара Попова, изразувајќи очекување дека овие престижни награди ќе претставуваат охрабрување и поттик за нивни натамошни меѓународни успеси.
Соговорниците разменија мислења за значењето и придонесот на Струшките вечери на поезијата во севкупната афирмација на македонската држава и култура, како и за важноста од постојано надградување на фестивалот и негово отворање за нови содржини и форми на поетска презентација.
Претседателката го поздрави возобновувањето на наградата „Млада Струга“ како можност за промоција на авторите дебитанти и поетите од помладата генерација, како и издавањето на специјалното издание со Брајово писмо на избор од антологиски песни на Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски и Матеја Матевски, со што се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо и им се овозможува на лицата со оштетен вид да ја доживеат убавината на поезијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

