Македонија
Ѓорѓиевски на логорување, спорт, скара и возење кајак со дечињата кои бесплатно заминаа на камп
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчеравечер ги посетил дечињата од општина Кисела Вода кои бесплатно летуваат во детското одморалиште „Радости”. Заедно логоруваа, возеа кајак, спортуваа, правеа скара и се дружеа.
Градоначалникот и се заблагодарил на легендарната судиска двојка Начевски и Николов кои судеа на ОИ во Париз и кои одвоија од своето време да се дружат со дечињата на бесплатниот спортскиот камп организиран од Општина Кисела Вода.

„Каква прекрасна вечер!Вечерва во Охрид ги посетив моите другарчиња кои бесплатно летуваат во детското одморалиште Радости. Логорувавме, правевме скара, многу се забавувавме, возевме кајак, спортувавме, игравме игри и поминавме цела вечер заедно. Околу 160 дечиња ќе имаат одмор за паметење, незаборавни спомени и вечни пријателства. Ваквата радост, спојот на дечињата од различни генерации е тоа што не може да се опише со зборови туку треба да се доживее, а јас – ја имав таа чест во прво лице! Се договоривме на следна дружба наредната година, на следно летување и уште помасовно, со уште повеќе дружење и, како што беше нивното барање – да ги дружам цело време. Ете токму ова е тоа за кое вреди секоја жртва, секоја непреспиена вечер и макотрпна работа. Ова е она за кое се бориме, детската радост. Огромно благодарам до менаџментот на детското одморалиште Радости за професионалниот однос, за одличниот пречек и грижата за нашите дечиња. Благодарам и на легендарната судиска двојка Начевски и Николов кои судеа на ОИ во Париз и одвоија од своето време да се дружат со дечињата. Дечки, се гледаме повторно догодина“, изјавил градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

