Спорт
Алпин не е на продажба

Извршниот директор на Алпин, Флавио Бриаторе, негираше дека тимот е на продажба и потврди дека нема намера да отпушти работници во база во Обединетото Кралство.
„Едно работа е јасна. Ништо не е на продажба“, изјави Бријаторе за Би-би-си.
Алпине е во сопственост на Рено, а Бријаторе беше ангажиран да ги подобри резултатите на тимот кој моментално е осми во шампионатот.
„Извршниот директор на Рено, Лука де Мео не сака да го продаде тимот. Прашањето е затворено“, додаде 74-годишниот Бријаторе.
Бријаторе ова го изјави во Зандворт, за време на тркачкиот викенд во Холандија. Тој за прв пат им се обрати на медиумите откако ја презеде функцијата во јуни.
Тој рече дека „реалната“ амбиција на тимот е да биде на подиумот на трките во 2027 година.
Бриаторе изјави дека не се потребни толку многу луѓе во базата на тимот во Енстон, но ја отфрли можноста за отпуштања.
Тој исто така откри дека не е негова идеја да ја затвори фабриката за мотори на Рено во близина на Париз, одлука што ќе ја разгледаат челниците на компанијата следниот месец.
„Не сум јас секогаш лошото момче. Можете да ме обвинувате за сè друго, но не и за ова”, рече Бријаторе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Аматерскиот потег на Межбри му донесе победа на Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул го победија Барнли со 1:0 во натпреварот од 4. коло од Премиер лигата.
По неверојатните завршници против Борнмут, Њукасл и Арсенал, „Црвените“ продолжија со серија исклучително интересни натпревари на почетокот од новата сезона, во кои се единствениот тим со четири победи.
Фудбалерите на Ливерпул гостуваа кај Барнли на „Тарф Мур“, а Скот Паркер постави совршена тактика. Свесен дека квалитетот е на страната на противникот, енаџеорт на барнли ги постави своите фудбалери во нисок блок.
Тактиката функционираше совршено се до 93.минута. Противникот не успеа да создаде опасна акција и се потпираше на удари од далечина.
Кога Ливерпул не успеа да креира буквално ништо пред голот на Барнли, домаќините им ја подарија победата.
Прво, Угочукву доби втор жолт, во 83.минута, а 10.минути подцона Ханибал Межбри, направи глупав пенал.
— OvoOno (@OvoOnoX) September 14, 2025
Мајкл Оливер оправдано покажа на „белата точка“, а единствениот гол на натпреварот го постигна Мохамед Салах во петтата минута од судиското продолжение.
Foto/ EPA
Спорт
Марк Маркез победи во Мизано, ја забележа 99.победа во кариерата

Победник на Големата награда на Сан Марино и Римини во Мизано е возачот на Дукати, Марк Маркез. Марк ја забележа својата 99-та победа во кариерата.
Постариот Маркез имаше одличен старт и веднаш се проби од четвртотот до второто место, пред Алекс Маркез, а зад Марко Бецеки, кој имаше одличен старт.
Бецеки беше лидер се до 12-от круг и практично првата грешка што ја направи го чинеше скапо. Марк Маркез се проби до првото место, Бецеки се закани во следните неколку круга, забрзувајќи, но не можеше да ја загрози победата на Марк.
На третото место, Алекс Маркез практично возеше сам, никој не беше доволно блиску за да му го загрози местото на подиумот.
А зад нив – еден по еден испаднаа – Жоан Зарко, Жоан Мир, Аи Огура, Маверик Вињалес, Педро Акоста, Франческо Банџаја.
Што се однесува до пласманот под третото место, Франко Морбидели го освои четвртото место, пред Фабио ди Џанантонио и Фермин Алдегуре. Лука Марини го освои седмото место, Фабио Квартараро осмото, Мигел Оливеира деветтото и Бред Биндер десеттото место.
Светското првенство продолжува со Големата награда на Јапонија од 26 до 28 септември.
Вечерашниот пад во спринт трката значи дека Марк нема да може да ја потврди титулата во следната трка, но ќе може да стигне до својата 100. победа и да стане третиот возач што го сторил тоа, по Џакомо Агостини (122) и Валентино Роси (115).
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Чолито и Израел ја срушија Рома на „Олимпико“

Фудбалерите на Торино ја победија Рома на „Олимпикo“ со 1:0 во натпреварот од третото коло на Серија А. „Биковите“ ја забележаа првата победа оваа сезона, воедно на Рома и го нанесоа првиот пораз по двете победи на стартот.
Стрелец на голот за „биковите“ беше Џовани „Чолито“ Симеоне, син на познатиот тренер на Атлетико, Диего.
Моментот на одлука се случи во 59-та минута кога Торино, по иницијативата на противникот, постигна гол во транзиција.
Симеоне повлече во контра, размени додавање со Нгонг, се позиционираше и откако доби прецизен пас од истиот играч, со хируршки прецизен удар од работ на шеснаесетникот го совлада Миле Свилар.
Ci sono tipo sei errori in 30 secondi, poi quello fa il goal dell’anno dopo un anno di niente#RomaTorino#Simeone
— ApocaFede (@DrApocalypse) September 14, 2025
Кај Торино блескаше и голманот, Франко Израел, кој во надополнувањето на времето спречи израмнување по обидите на Писили, Суле и Ел Шарави, и дефинитивно го дели епитетот херој на натпреварот со Симеоне.
За Римјаните ова беше прв пораз против Торино во последните девет меѓусебни дуели, а воедно и прв пораз воопшто на домашен терен по 13 натпревари.
Голот што го постигна Симеоне е прв за „Биковите“ оваа сезона, по ремито со Фиорентина во претходното коло и дебаклот против Интер (0:5) во отворањето на сезоната.
Foto/ EPA