Спорт
(Видео) Баерн се мачеше но успеа да победи во Волфсбург
Ветеранот Томас Милер не дозволи кикс на Баерн во првото коло. На дебито на новиот тренер, Венсан Компани, Баварците славеа во Волфсбург со 3:2.
Баварците поведоа во 19. минута со голот на Џамал Мусиала, но најголемата работа ја заврши Саша Боје, кој му асисистираше на Мусијала за 0:1.
NEVER DOUBT SACHA BOEY
— Bayern & Football (@MunichFanpage) August 25, 2024
Првото полувреме заврши со тој резултат, а потоа „Волците“ направија пресврт по само 10 минути во вториот дел. Изедначи Ловро Мајер од пенал, а иститот играч го постигна вториот гол во 55. минута по големата грешка на Кореецот Ким Мин-Јае.
Клучен момент за Баерн беше влегувањето во игра на 34-годишниот ветеран Томас Милер. По неговите акции, Јакуб Камиски најпрвин си постигна автогол, а потоа 15 минути подоцна брилијантно проигра Хари Кејн кој му асиситраше на Серж Гнабри за 2:3.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Левандовски стана третиот играч со 100 гола во Лигата на шампионите
Роберт Левандовски, 36-годишниот полски фудбалер и напаѓач на Барселона, овој вторник го постигна јубилејниот 100-ти гол во кариерата во натпреварите од Лигата на шампионите.
Во десеттата минута од натпреварот од петтото коло во Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Брест, беше досуден пенал, а Левандовски постигна гол за 1:0.
Играјќи за Борусија Дортмунд, Баерн и Барселона, Левандовски го постигна 100-от гол во Лигата на шампионите. Најмногу постигна 69 од нив во дресот на Баерн. За Борусија постигна 17 голови, а за Барселона 14 гола.
Пред него се само двајца фудбалери, Португалецот Кристијано Роналдо има постигнато 140 голови, а Аргентинецот Лионел Меси има 129 гола. Зад Левандовски се Карим Бензема со 90 голови и шпанскиот напаѓач Раул со 71 гол.
Ова беше негов шести гол во тековната кампања во Лигата на шампионите, гол помалку постигнаа неговиот соиграч Рафиња, играчот на Спортинг, Ѓекерес и напаѓачот на Баерн, Хари Кејн.
Спорт
Вардар со победа се збогуваше со Лига Европа
Фото/ facebook.com/rkvardar
Ракометарите на Вардар со победа се простија од Лига Европа. Вечерва во „Јане Сандански“, Вардар го победи Мелсунген со 32:30 (17:17).
Првиот дел беше израмнет, Мелсунген подобро влезе во мечот, стекна предност од два гола, Вардар направи серија од 3:0. Црвено-црните потоа водеа со два гола, на крајот првиот дел заврши 17:17.
Во слично темпо продолжи и првата половина од второто полувреме. Во тие моменти Вардар стекна предност од два гола (25:23), која не ја испушти до крајот.
Најефикасен кај Вардар беше Ларс Коиј со осум голови, додека Младен Крсманчиќ постигна шест. Голема заслуга за победата има и голманот Мигел Еспиња кој запиша 15 одбрани.
Во Групата Ф Вардар го освои третото место со пет бода. Групата ја поминаа Мелсунген со 10 и Порто со седум бода.
Спорт
(Видео) Атлетико ја прегази Спарта во Прага, Милан на „мускули“ го победи Слован во Братислава
Атлетико Мадрид и Милан со победи во Прага, односно Братислава го отворија петтото коло во Лигата на шампионите. Атлетико до врв ја наполни мрежаа на Спарта (6:0), а Милан против Слован се мачеше 70.минута, на крајот победи со 2:3.
Атлетико ја прегази Спарта со апсолутна доминација на теренот и успеа да ја поправи гол-разликата. Антоан Гризман и Коке во Прага влегоа во клубот 100 во Лигата на шампионите.
Катастрофата на Спарта ја најави Хулијан Алварез со прекрасен гол од слободен удар во 15.минута. Во финишот на полувремето Љоренте успеа да го измами голманот на Спарта и тогаш беше јасно дека „јорганџиите“ ќе забележат победа. Во втриот дел уште еден гол постигна Алварез, потоа Гризман јубилејот го порслави со гол, а точка на натпреварот со два гола стави Анхел Кореа.
Атлетико ја забележа третата победа, втора во низа и втора на гостински терен има девет бода и гол разлика +2 (11:9).
Слован во Братислава му пружи силен отпор на фаворизираниот Милан. Словачкиот шампион имаше 1:1 по првиот дел, Пулишиќ погоди за 0:1 во 21.минута, а возврати поранешниот фудбалер на Вардар, Барсегјан три минути подоцна. Во вториот дел Слован имаше шанса за водство, а откако не ај искориси, следуваше блиц-криг на италијанскиот тим.
Во 68. нова предност на Милан му донесе Леао, а три минути подоцна погоди и Ејбрахам. Надеж за Слован донесе голот на Марсели во 88.минута, но до крајот домаќинот не успеа да постигне уште еден гол.
Со третата победа во низа, Милан се врати во борбата за пласман во првите осум на табелата.