Спорт
(Видео) Ингебригтсен собори светски рекорд стар 28 години
Атлетичарот од Норвешка, Јакоб Ингебригтсен постави нов светски рекорд на 3000 метри на митингот на Дијамантската лига во Хорзов, Полска.
Ингебригтсен делницата ја мина за 7:17.55 минути. Норвежанецот за три секунди го подобри претходниот рекорд на Кениецот Даниел Комен, кој истрча 7:20.67 пред 28 години во Риети.
Ингебригтсен, кој претходно овој месец ја освои титулата олимписки шампион на 5000 метри во Париз, сега е актуелен светски рекордер на 2000 и 3000 метри на отворено и на 1500 метри во сала, а исто така е европски рекордер на 1500 метри и на една милја.
Видеото можете да го погледнете на ОВОЈ линк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шаховска партија во Торино, Јуве и Наполи ремизираа без голови
Фудбалрите на Јувентус и Наполи го разочараа фудбалскиот аудиториум во Италија, одиграа без гоови во дербито.
Првото полувреме мина во јалова иницијатива на Јувентус. Повеќе се играше на половината на Наполи, но без конкретна шанса за гол.
Во вторито дел Јувентус тргна поофанзивно кон голот на Наполи и со тоа покажа дека сака да победи.
Свои шанси имаа Веа и Јилдиз, но како се ближеше крајот на натпреварот се поизвесно беше дека ова дерби ќе заврши без голови.
Ова е трет натпревар во низа кој Јувнетус го одигра без голови. Избраниците на Тиаго Мота сепак не примија гол во домашниот шампионат.
Спорт
(Видео) Миовски стартер, Џирона загуби во Валенсија
Бојан Миовски го забележа првиот старт во Примера, но неговата Џирона доживеа пораз во Валенсија. „Љиљаците“ во шестото коло ја забележаа првата победа во новата сезона.
Првото полувреме беше здодевно, а двата гола беа постигнати во рок од две минути во второто полувреме. Капитенот на Џирона, Хуанпе Рамирез, си постигна авто гол во 56.минута, а две минути подцна топката во мрежата на Пауло Газанига ја смести Дани Гомез.
Миовски како и целиот тим на Џирона одигра просечен натшревар, очигледно врз екипата на Мичел остави трага тешкиот натпревар во Париз против ПСЖ во Лигата на шампионите.
Спорт
Реал подготвен да плати 150 милиони евр за Вирц
Флорентино Перез наредното лето е подготвен да го урне клупскиот трансфер рекорд. Германските медиуми тврдат дека Реал Мадрид ќе го донесе Флоријан Вирц. Според овие извори, Перез го означил Вирц како следен „галактикос“.
Реал Мадрид за трансферот на Вирц е подготвен да му плати на Баер Леверкузен 150 милиони евра.
Реал Мадрид со овој трансфер би го соборил рекордот, кој се уште го држи Еден Азар. Белгиецот пристигна од Челзи за 120 милиони евра, додека трансферто на Џуд Белингем од Борусија Дортмунд чинеше 113 милиони.
Вирц како момче бил навивач на Барселона, никогаш не криел дека Лионел Меси му е идол, но се чини дека би можел да тргне по патот на Лука Модриќ и Иско, кои исто така во детството биле навивачи на каталонскиот клуб.
Клучна улога би можел да има Чаби Алонсо, кој моментално му е тренер на Вирц во Баер Леверкузен, а наводно и тренерот би можел наредното лето да се пресели во Мадрид доколку замине Карло Анчелоти чии договор истекува во јуни 2025 година.