Спорт
(Видео) Емполи ја шокира Рома, Наполи ја победи Болоња
Емполи ја совлада Рома со 2:1 во Рим, додека Наполи ја постигна првата победа под водство на новиот тренер Антонио Конте на домашен терен против Болоња со 2:0.
Рома ги разочара навивачите кои го исполнија „Олимпико“ за да го поздрават Паоло Дибала кој реши да остане во клубот. Славеничката атмосфера се претвори во кошмар.
Избраниците на Даниеле де Роси доминираа со посед во првото полувреме, но гостинската екипа беше поопасна и поконкретна. И на крајот тоа го наплати со во 45. минута. Стрелец беше Гијаси.
1-
Roma 0-1 Empoli⚽️
Empoli maçı zaten domine etmiş, kaçan pozisyonlarından ve istatistiklerden belli @ee_empol51139 sağ olsun gördük. Pezzella’nın ortası başarılı bana kalırsa Colombı kaleye vurmayı deniyor ama top tam Gyasi’nin kafasına oturunca bitirmesi zor olmuyor+ pic.twitter.com/bxPUMvE9qT— Udinese Türkiye 🇹🇷🇮🇹 (@UdineseTR) August 25, 2024
Во 61. минута, асистентот за првиот гол, Коломбо реализираше пенал за 0:2.
Елдор Шомуродов со гол во 80. минута ја врати надежта дека Рома може да избегне пораз, но тоа не се случи. иако во игра влезе само три минути порано.
Пауло Дибала во 96.минута ја погоди стативата и тоа беше последната шанса за Рома.
Емполи во 17.натпревар успеа да ја победи Рома на „Олимпико“.
По поразот од Верона, Наполи успеа да се рехабилитира и да ја забележи првата победа во првенството. Воедно и прва победа за Антонио Конте како тренер на Наполи во Серија А.
Херој на победата на Наполитанците беше Квича Кваратцхелија. Грузиецот му асистираше на Џовани ди Лоренцо за 1:0 во втората минута од судиското надополнување во првото полувреме, а тој самиот го постави конениот резултат во 75. минута.
🚨🇮🇹 GOAL | Napoli 2-0 Bologna | Kvaratskhelia
KVARATSKHELIA DOUBLES THE LEAD!pic.twitter.com/m4fJHkh4lr
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) August 25, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

