Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Колешката на Филипче, Бисера Антаонета, трошела државни пари за чорапи, плишани мечиња, чанта за миленичиња, денес ги објавуваме сметките
Аздисност е збор кој го опишува карактерот на лицата кои беа дел од владејачката структура на СДС и ДУИ. Меѓу нив е и Бисера Костадиновска Стојчевска, поранешната министерка за култура или Бисера Антоанета, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„За почеток само, Бисера Антоанета за едно патување во Лондон во октомври 2023 година троши повеќе од 700 фунти за лични потреби. За време на четиридневната посета времето наместо да го користи за работи кои се во служба на Македонија, таа пазарела. Накратко, од увидот на сметките за репрезентација и увидот во приложените сметки од службената картичка Виза на прва се гледа ненаменско трошење на буџетски средства. Или, колку за илустрација Бисера Антоанета потрошила 714 фунти за лични потреби. Станува збор за потрошени 89 фунти и плишано мече платени со службена картичка Виза. Потоа, се подновила со два самсонајт куфери во вредност од 219 фунти и уште еден со цена од 59 фунти. За чорапи во Маркс и Спенсер потрошила 42 фунти. Бисера Антоанета купувала и во Гифт бокс во Лондон и потрошила 146 евра. Исто така потрошила 158 фунти во специјализирана продавница и купувала подароци со ликот на Хари Потер како ракавици, маички, ташна за милениче и слично. Бисера Антоанета при увидот во сметките се гледа дека потрошила народни пари в вредност од 714 фунти, или околу 850 евра, односно скоро 52 илјади денари за лични потреби“, додаваат од партијата.
Според нив ова е сума за храна и воопшто животни трошоци за едно четиричлено семејство за тек на 30 дена или еден месец.
„Дополнително согласно Уредба е регулирано трошоците кои ги прави министерот за култура на месечно ниво и кои не можат да надминат 60 евра во денарска против вредност. За истите треба да направи раздолжување во рок од 7 дена по службениот пат. Ова е само едно од многуте пречекорувања кои ги направила Бисера Антоанета. Или ова е само вовед колку народни пари потрошила Бисера Антоанета. А за тоа со чии пари Бисера Антоанета се расфрлала во Лондон ќе објавиме на денешната прес-конференција, со копии од сметките. Токму поради вакви случаи Македонија е ограбена држава! Секој што постапувал спротивно на законот ќе одговара“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
—
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

