Спорт
Дибала: Пресудија семејството, сопругата, желбата да се вратам во репрезентацијата

Рома доживеа пораз на „Олимпико“ од Емполи (1:2), во натпревар кој мина во знакот на Паоло Дибала. Навивачите г исполнија култниот стадион за да му заблагодарат на Аргентинецот што ја одби фантастичната понуда од Саудиска Арабија.
Дибала, минатата недела одби три годишен договор вреден 75.000.000 евра. По мечот со Емполи, во кој во финишот ја погоди стативата, откри дека прите не му биле приоритет.
„Сите зборуваат за понудата. Ставив се на маса и одлучи семејството, сопругата, градот, тимот и желбата да се вратам во репрезентацијата. Имам 30 години, се чувствувам добро. Знам дека многу луѓе ме критикуваат поради повредите, но јас се трудам да се грижам за себе“, изјави Дибала.
Интересно Рома не се противеше на трансферот, но клубот не успеа да постигне договор со Саудијците. Впечаток е дека најнезадоволен од ваквиот расплет е менаџерот, кој ќе остане безпровизија.
„Ништо не се промени кај мојот менаџер. Слушнав муабети дека тој ќе загуби многу пари, но тоа не е точно. Тој само сакаше да бидам среќен со мојот избор. Тој не е само мој агент, туку и пријател кој ми посакува среќа. Што се однесува до клубот од Саудиска Арабија, не знам како тие го прифатија тоа, бидејќи воопшто не разговарав со нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мареска потврди дека Палмер ќе паузира уште шест недели

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер (23), нема да може да им се придружи на соиграчите уште шест недели поради повреда на препоните, објави тренерот Енцо Мареска.
Палмер не играл од поразот на Челзи од Манчестер Јунајтед на 20 септември.
Тој го напушти теренот во првото полувреме, а Мареска потоа објави дека ќе го одмори до октомвриската репрезентативна пауза, која сега е завршена.
„Згрешив. За жал, тој ќе биде надвор од терените веројатно шест недели“, рече Мареска, исклучувајќи ја можноста за операција.
„Се обидуваме да го заштитиме Кол колку што е можно повеќе и најважно е тој да биде целосно закрепнат кога ќе се врати“, додаде италијанскиот стручњак.
Челзи, кој моментално е седми на табелата во Премиер лигата, во сабота гостува кај Нотингем Форест, кој е 17-ти на табелата.
Спорт
Флик негира дека претседателот на клубот му се меша во работата

Ханси Флик, на прес конференцијата, пред натпреварот со Џирона, бурно реагираше на прашањето дека претседателот на Барселона барал Ламин Јамал да игра против ПСЖ во Лигата на шампионите.
Шпанските медиуми со денови шпекулираат за наводниот конфликт во врвот на каталонскиот клуб, според кој претседателот Џоан Лапорта наводно му наредил на Ханси Флик да го вклучи Ламин Јамал во почетниот состав за натпреварот против ПСЖ, иако 18-годишникот, според изворите, доцнел на задолжителниот состанок на тимот пред дуелот.
„Би сакал да знам од каде доаѓаат тие глупости. Никој во клубот никогаш не ме замолил да направам нешто слично. Тие ми веруваат целосно. Немам што да кријам, познато е дека во Барселона тренерскиот штаб носи спортски одлуки“, рече Флик.
Тој нагласи дека Ламин Јамал не бил казнет и дека неговото место во почетниот состав против ПСЖ е спортска одлука, а не резултат на каков било притисок од раководството.
Да потсетиме дека шпанските таблоиди претходно објавија дека Флик прво планирал да го казни младиот напаѓач затоа што доцнел и дека му рекол дека нема да биде во првиот состав. Сепак, според овие шпекулации, раководството на клубот наводно инсистирало Јамал да го започне натпреварот.
Инаку, Барселона во второто коло загуби од ПСЖ со 1:2.
Спорт
(Видео) Папајанис во солзи го напушти дуелот со Панатинаикос

Играчот на Панатинаикос, Јоргос Папајанис, ја доживеа можеби најлошата и најтешката повреда во спортот.
Не беше во дуел со противнички играч, но се повредив слетувајќи во обид да постигне кош во акција „алеј уп“.
Најверојатно станува збор за повреда на вкрстените лигаменти.
Поанешниот грчки репрезентативец ја напушти салата во Истанбул.
Инаку Анадолу Ефес загуби од Панатинаикос со 81:95 во петтото коло во Евролигата.