Црна хроника
На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово уапсен Србин, бил агресивен кон полицајците и не застанал на пасошка контрола

Вчера околу 07.30 часот на автопатот Граничен премин Табановце – Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Табановце го лишиле од слобода 39-годишниот Н.Т. од Република Србија затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и претходно на граничниот премин со патничко возило „нисан“ со српски национални ознаки поминал на лентата за автобуси и не застанал на пасошка контрола, извести МВР.
„Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово за понатамошна постапка“, соопшти МВР.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсени штипјанец и кавадарчанец, возеле пијани, а мажот од Штип предизвикал и сообраќајна незгода

Вчера во 21:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода 58-годишниот Р.Ѓ. од Штип. Претходно, околу 21:10 часот на крстосница од улицата „Борис Крајгер“ со улицата „Џемал Бједиќ“ во Штип со патничкото возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во патничко возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната А.П. од Штип.
Додека, при преземање мерки во врска со незгодата констатирано е дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,02 промили алкохол во крвта.
Ноќеска, во 01:45 часот на улицата Леце Котески во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода 41-годишниот Л.Т. од село Бегниште, кавадаречко.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „форд” со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Л.Т., и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,30 промили алкохол во крвта.
Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Уапсен 30-годишен струмичанец: при претрес пронајдена марихуана

Вчера во 17:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода 30-годишниот А.М. од Струмица.
Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени околу 300 грама марихуана, едно засадено стебло канабис, повеќе различни пакувања со марихуана и предмети со остатоци од марихуана.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против А.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Уапсени двајца скопјани: предизвикале пожар на две товарни и едно патничко возило кај спортскиот центар „Јане Сандански“

Денеска, во 02:20 часот во СВР Скопје е пријавен дека на паркинг простор од Спортскиот центар „Јане Сандански“ на подрачје на општина Аеродром во Скопје биле опожарени товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки и товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на правно лице од Скопје и патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Е.С. од Прилеп.
Во 02:50 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а по преземени мерки и активности на полициски службеници од Полициската станица Аеродром и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, поради сомнение дека го предизвикале пожарот, на булеварот „АСНОМ“ од слобода се лишени Ф.Ц.(23) и И.Ц.(24), двајцата од Скопје.
Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.