Топ
Возел 17-годишно девојче до дома, па ја гушнал и бакнал: мајката го пријавила во полиција

36-годишна жена од скопско во СВР Скопје пријавила дека на 27.07.2024, Р.Ж. од Скопје, додека ја возел нејзината малолетна ќерка на возраст од 17 години, кон дома со неговото возило, која го познавала од порано, ја гушнал и бакнал нејзината ќерка, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Со едноминутен молк за жртвите во Кочани ССМ на улица ја отвори првата јавна седница, бараат 500 евра минимална плата

Голем број членови на највисокото раководство на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) придружувани од работниците точно во 12.05 часот денес на улица ја отворија првата јавна седница. На нога претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов го прочита дневниот ред со само три точки кој беше едногласно прифатен, а седницата почна со едноминутен молк за жртвите во Кочани.
„Имајќи предвид дека првата јавна седница на ССМ се одржува денес во исклучително тажни услови со едноминутно молчење да оддадеме почит на трагично загинатите луѓе во Кочани. Слава им. Брзо закрепнување на сите повредени“, рече Трендафилов.
Прва точка на дневниот ред на јавната седница е пораката која сакаат да ја пренесат пред Собранието дека не може да има за пратениците, а да нема за работниците. Втората точка е дека подадената рака од работникот денес може да стане стисната тупаница утре, а трета точка е најважната порака која сакаат да ја упатат до Владата дека не може да се одлучува за работниците беа работниците.
ССМ останува на барањето минималната плата да биде 500 евра, за што веќе испратија предлози и до Собранието и до Владата.
Македонија
Секој има право да протестира, но барањата за минимална плата синдикатите треба да ги кажат на седница на ЕСС, а не на улица, вели Дурмиши

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ја потпишал минималната плата без согласност од Економско-социјалниот совет (ЕСС), што е законска обврска, за да не се блокира целата држава. Најави дека ќе закаже седница на ЕСС во моментот кога комисијата за утврдување репрезентативност ќе донесе одлука кој синдикат е репрезентативен, обврска што досега не е завршена оти Владата ги повлече своите членови, па назначуваше нови, а новиот состав не успеа да ја донесе одлуката пред истекот на законскиот рок за зголемување на минималната плата. Денешниот протест на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за 500 евра минимална плата министерот Дурмиши вели дека е нивно демократско право, но нагласи дека минималната плата треба да се договара на седница на ЕСС, а не на улица.
„Живееме во демократија. Секој има право да излезе на улица и да протестира, да го искаже својот револт, но јас пак ќе кажам дека на синдикатите им е истечен мандатот и веќе не се репрезентативни. Ние како Влада ја формиравме комисијата, која требаше да утврди репрезентативност на синдикатите, и таа веќе работи. Очекувам да заврши со работа што побргу, оваа комисија упорно работи. Веднаш кога ќе се определи кој синдикат е репрезентативен, јас ќе свикам седница на Економско-социјалниот совет. Синдикатите треба таму да ги кажат своите барања, а не на улица“, вели министерот Дурмиши.
Минималната плата министерот вели дека е покачена за 1.800 денари според важечката методологија за која дале согласност и синдикатите и работодавците. Со усогласувањето минималната плата изнесува 400 евра, но таа е објавена без согласност на ЕСС.
„Согласност нема затоа што нема репрезентативност од синдикатите. Според законот што е во сила и кој е потпишан и од синдикатите и од работодавците, обврзан сум и по одлука на Владата пред 31 март, да ја објавам минималната плата. Знаеме дека од минималната плата потоа се пресметуваат и просечната плата и другите плати. Замислете ако ние не ја објавевме до 31 март, ќе се блокира целата држава, ќе се блокираа сите институции и приватниот сектор немаше да може да пресмета плати за вработените“, рече министерот Дурмиши.
ССМ не отстапува од барањето минималната плата да биде 500 евра и затоа денес излегува на протест. На улица ќе излезат 300 челна на највисокото раководство на ССМ заедно со работниците. Пред Собранието ќе им порачаат на пратениците дека не може да има за пратениците, а да нема за работниците, а пред Владата на владините функционери ќе им порачаат дека не може да се одлучува за работниците беа работниците.
Топ
Уапсени три лица од Кривопаланечко поради извршено кривично дело убиство

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода 24-годишниот З.Ф., 19-годишниот С.Ф. и 44-годишниот С.Ф. од село Луке, кривопаланечко.
Тие се сомничат дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 бил пријавен за исчезнат. Телото на Љ.С. било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа во село Луке, а увид извршила екипа од СВР Куманово.
По насока на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.