Спорт
Ѓоковиќ со максимална победа ја почна одбраната на титулата во Њујорк
Новак Ѓоковиќ со максимална победа ја започна одбраната на титулата на ју-ес опен. Српскиот тенисер во првото коло го совлада Молдавецот Раду Албот по сетови 6:2, 6:2, 6:3.
Ѓоковиќ не блескаше на овој меч, видливо беше дека ова му беше првиот меч по освојувањето на златниот медал на олимписките игри, но сепак рутински славеше над Албот.
Ѓоковиќ направи 10 дупли грешки, а реализцијата на рпвиот сервис му беше на 50 отсто. Во првите два сета сепак наоѓаше ритам во одредени моменти, во првиот кога освои три, а во вториот четири гема во низа.
Во второто коло на турнирот Ѓоковиќ ќе игра против сонародникот Ласло Џере, кој по четири часа го совлада Јан-Ленард Штруф. Тоа ќе биде реприза на минатогодишното трето коло, во кое Новак имаше негатива 0:2, на крајот победи со 3:2.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Скопје и Гевгелија играа за не победат, Министерот Ристовски најави дека ќе им ги одземе лиценците
Неверојани сцени се случуваа на натпреварот во Купот на Македонија, во женска конкуренција, меѓу ракометарките на Скопје и Гевгелија. Двете екипи водеа голема борба која ќе го загуби натпреварот. Дури и си постигнуваа автоголови. Судиите во еден момент дури сакаа и да го прекинат натпреварот. По скандалот, Министерот за Бороко Ристовски најави дека на двата клуба ќе им бидат одземени лиценците.
„Ги погледнав снимките и веќе в понеделник на клубовите ќе им биде одземена лиценцата за дејност спорт и не ќе можат да се натпреваруваат во домашниот шампионат. Ваков тип на немили настани и грубо кршење на спортските правила, треба еднаш да ги ставиме под контрола“, изјави Ристовски.
Спорт
Родри: Мислев дека е лажна вест кога ми кажаа дека Реал ќе ја бојкотира церемонијата
Родри играчот на Манчестер сити, пред три недели ја освои најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, Златната топка. Шпанецот со Манчестер сити ја освои четвртата последователна титула во Премиер лигата оваа сезона и беше клучен играч на шпанската репрезентација на патот до титулата европски првак во Германија.
Неговата победа остана во сенка на контроверзии бидејќи во знак на поддршка за Винисиус Жуниор, целата делегација на Реал Мадрид во последен момент реши да ја бојкотира церемонијата, откако дозна дека нивниот играч нема да ја добие наградата.
Зборувајќи за „Лекип“, Родри откри дека на почетокот не верувал во веста за бојкотот и мислел дека тоа е лажна вест.
„Немав поим што се случува, бев изненаден кога почнаа да ме прашуваат што мислам за бојкотот на делекацијата на Реал. Мислев дека се работи за лажни вести.
Кога слетав во Париз, добив повеќе пораки со честитки. Тогаш сфатив дека се качив во авионот за да учествувам на церемонијата и практично слетав како победник. Беше тешко поради веста за летот од Мадрид, но решив да не обрнувам внимание на тоа туку да уживам во вечерта“, изјави Родри.
Шпанскиот играч за врска и покрај ваквиот бизарен исход, смета дека одлуката да не се открие победникот до последен момент била добра, иако името протече пред самата церемонија.
„Знаев дека никој ништо нема да ми каже до самиот крај и успеа бидејќи дотогаш не го знаевме победникот. Мислам дека одлуката името на победникот да се чува во тајност беше одлична”, изјави Родри.
Спорт
Коко Гоф го освои најголемиот чек во историјата на женскиот тенис
Американската тенисерка Коко Гоф ја освои титулата на завршниот ВТА турнир во Ријад, откако во финалето по три сета со 3:6, 6:4, 7:6 ја совлада седмата светска тенисерка, Кинвен Жен од Кина.
Тенисерката број три во светот победи по три часа и четири минути и првпат во кариерата ја освои титулата на завршниот турнир.
Сабаленка, која е првопласирана има речиси 4.000 поени повеќе.
„Воопшто не размислувам за број 1, тоа никогаш не ми било во прв план. Освојувањето на Грен слемовите е најважно за мене. Секако, ако добијам шанса, ќе се обидам да бидам прва.
Имаше многу полемики кога беше одлучено да се игра Мастерсот во Ријад, но за Коко тоа веќе не е важно.
„Засекогаш ќе остане запишано во историјата дека првиот женски турнир се одржа во Саудиска Арабија и тоа ќе значи многу за спортот. Очекувам оведе на има уште повеќе турнири“, рече Гоф.
Дваесетгодишната Американка, најмладата во првите десет, го доби најголемиот чек во историјата на женскиот тенис, 4.805.000 долари.