Македонија
Сиљановска Давкова го честита големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до г.г.Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православна вероисповед.
„ Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод и на целото свештенство и монаштво, како и на сите верници од православна вероисповед, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.Најискрено Ви посакувам празникот да го поминете, пред сè, во добро здравје, во мир и спокој, исполнети со неизмерна радост и среќа“, пишува Силјановска Давкова.
Празнувањето на Успението на Пресвета Богородица, како што пишува Сиљановска Давкова, значи славење и почитување на традициите и на семејните вредности, и затоа со добри мисли и со љубов да им помагаме и да им даруваме на ближните.
„Сите граѓани на Македонија, без разлика на родова, верска или етничка припадност се дел од едно семејство и затоа сложно и солидарно да го градиме нашиот заеднички дом, базирајќи го соживотот на меѓусебна почит, разбирање и добрина, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

