Македонија
СДСМ: Ново пукање, има и тешко повредени, неспособноста на Тошковски е закана за безбедноста
Синоќа се случи уште едно во низата пукања, овој пат во Арачиново, има и тешко повредени. Со Тошковски на чело на МВР и ДПМНЕ во власта улиците станаа небезбедни, се пука на секој чекор. Криминалците напаѓаат по улиците затоа што немаат страв од Тошковски, велат од СДСМ.
„Пред една недела имаше пукање со убиство кај Мавровка, пред тоа во Синѓелиќ, во Чаир, Батинци, Тетово, на Пластичарска улица. Ниту трага ниту глас од сторителите, од 8 убиства и обиди за убиства досега Тошковски има едвај едно расчистено. Тошковски нема контрола ниту над северната граница која е предадена на приватно управување на ВЛЕН. Таму не се знае што се случува и како се поминува. Криминалците бегаат од затворите а Тошковски не може да ги лоцира. Ќе побара ли денеска Мицкоски одоговрност од Тошковски или ќе го брани и понатаму?“, посочуваат од партијата и додаваат:
„Досега немало понеспособен министер за внатрешни работи и Тошковски после сите скандали треба да си поднесе оставка“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Андоновски го презентираше стратешкиот план на активности на Министерството за дигитална трансформација пред партнерските организации за следните четири години
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во соработка со УСАИД организираше презентација на стратешките приоритети и идни планови на министерството за дигитална трансформација пред меѓународните партнери и меѓународната заедница.
Министерот на потенцијалните проектни донатори на самиот почеток од средбата, им се заблагодари за континуираната поддршка која ја даваат на земјата, потенцирајќи ја важноста со која придонесуваат за развојот на државата.
Андоновски со присутните ја сподели својата визија за Македонија, која ја гледа како земја во која дигиталните иновации го зајакнуваат секој граѓанин, ја поттикнуваат антикорупцијата, привлекуваат странски инвестиции и поттикнуваат одржливо и правично дигитално општество.
Тој додаде и дека негова главна мисија е во 4-годишниот мандат да ја води македонската дигитална трансформација преку иновативни политики, стратешки инвестиции како и партнерства за соработка, зајакнување на граѓаните, бизнисите и институциите со дигитални алатки и знаење, поттикнувајќи технолошки напредно, инклузивно и општество без корупција.
Македонија
Петрушевски: Љупчо Дон Николовски потрошил 976.199 денари на кафеани и ресторани како министер за земјоделие, се однесувал како Бисера Антоанета
„Денес и во наредните неколку дена ќе обелодениме како Љупчо Дон Николовски покрај тоа што исплаќал милионски субвенции на фирми блиски до СДС без основ, и раскалашено трошел народни пари на лични задоволства и нему блиски луѓе“, вели Бране Петрушевски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
„Љупчо Дон Николовски за три ипол години колку што бил министер за земјоделство потрошил 976.199 денари во кафеани и ресторани. Раскалашеноста е заштитен знак на СДС. 976.199 денари кога ќе го поделиме на 42 месеци, доаѓаме до сума од 23.400 денари, пари кои Дон Николовски ги трошел на кафеани. Ова го презентираме вака за и самиот Дон Николовски да сфати дека месечно во кафеани трошел по една плата, со која во државава живеат цели семејства. Првата година од своето министерување Дон Николовски потрошил 294.780 денари народни пари на кафеани и ресторани, а последната предизборната 2023 година цели 377.700 денари“, посочува Петрушевски и додава:
„На масата на Дон Николовски често се наоѓале јадења како телешки мускул, чаден лосос, ракчиња и разни морски плодови, а се пиеле и скапи вина како Алшар од по 3500 денари шише. Дон Николовски се однесувал како Бисера Антоанета и без пардон трошел народни пари на кафанско седенки, додека од друга страна лицемерно зборувале дека работат за народот. Ова е таа раскалашеност и лицемерие на СДС. Утре и во наредните неколку дена целосно ќе го разоткриеме Дон Николовски и неговиот раскошен начин на живеење и патување“.
Македонија
Мажот од Кочани кој почина од западно нилска треска дал податок дека не патувал никаде
Мажот од Чешиново-Облешево кој почина од западно нилска треска во Македонија, до Инситутот за јавно здравје (ИЈЗ) дал податок дека претходно немал патувано во друга држава.
Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, објави дека 78-годишниот којшто почина на 16 септември чувствувал вознемиреност, губиток на свеста, температура и малаксаност.
Првите симптоми кај пациентот се појавиле на 9 септември. Следниот ден бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде по дијагнозата уште истиот ден бил препратен на Инфективната клиника во Скопје.
Покрај него, регистрирани се уште три случаи на западно нилската треска во земјава, од вкупно 30 тестирања.
„Првиот случај е тестиран во април и човекот е од Струмица, импортиран од Кенија. Вториот е човек од Кочани, импортиран од Тунис, во јули тестиран во ИЈЗ. Третиот случај е тестиран во август. Човекот е од Тетово и не изјавува дека имал патување“, рече Андоновска.
Објасни дека Западно нилската треска кај 80 посто од случаите не покажува симптоми, 20 отсто се со благи симптоми на грип, а кај помалку од 1 отсто може да биде зафатен централниот нервен систем.
ИЈЗ поседува тетсови за детектирање на западно нилска треска во моментов.