Контакт

Свет

Борел: ЕУ ќе бара начин да го заобиколи ветото на Унгарија за воената помош за Украина

Објавено пред

Земјите од ЕУ треба да разгледаат начини како да го заобиколат ветото на Унгарија бидејќи е неприфатливо ветото на една земја од ЕУ да не дозволува искористување шест милијарди евра во рамките на Европскиот мировен фонд (ЕПФ) за компензација за воената помош што веќе е обезбедена на Украина, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

dobivaj vesti na viber

„Имаме шест милијарди евра замрзнати на нашите тековни сметки (во рамките на ЕМП), кои не може да се искористат за да се компензира поддршката што веќе ѝ ја обезбедија на Украина од некои земји членки. Ќе барам начини да го заобиколам ова вето на една земја членка, кое е неприфатливо“, изјави Борел во Брисел пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ, пренесува „Укринформ“.

Одговарајќи на прашање за причините за одржување неформален состанок на европските министри во Брисел, а не во Будимпешта, главниот град на Унгарија, кој претседава со ЕУ, Борел рече дека фокусот не е на тоа прашање, туку на клучните одредби од помош за Украина.

„Не е толку важно каде ќе се случи – овде, во Брисел или во Будимпешта. Она што е важно не е прашањето каде, туку прашањето е за што. Важно е за што ќе обезбедиме. За оваа намена веќе се испратени финансирања за одбранбената индустрија на Украина“, истакна Борел, пренесува „Танјуг“.

Тој потсети дека претходно Европскиот фонд за мир беше искористен за финансиска компензација на земјите членки за поддршка на Украина. Отсега ЕУ испраќа пари директно во Украина, особено пари што доаѓаат од замрзнатите руски средства. Овие ресурси доаѓаат и во земјите членки, но веќе не како компензација, туку за зголемување на директната воена помош за Украина.

Според Борел, овој развој на настаните е важен нов факт.

„Ги охрабруваме земјите членки да ги исполнат своите најавени обврски во областа на воздушната одбрана и ќе продолжиме да ја поддржуваме украинската цивилна инфраструктура. Знаеме дека целта на Русија е да ги уништи енергетските капацитети на Украина“, рече високиот претставник на ЕУ.

Според него, покрај воената компонента, европските министри денеска ќе го разгледаат и дипломатското учество на ЕУ во обезбедување широка меѓународна поддршка за формулата за мир на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Свет

Трамп повика војската да се справи со „внатрешниот непријател“ во американските градови

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа 72-минутен говор пред највисоките воени лица на базата Квантико, Вирџинија, во кој предложи американските градови да се користат како обуки терени за војската. Овој потег претставува радикално отстапување од долгогодишната традиција на раздвојување на војската од политиката.

dobivaj vesti na viber

Трамп ги нарече градовите, како Портланд, Лос Анџелес, Сиетл и Вашингтон, опасни и воени зони повикувајќи ги воените лидери да се справат со непријателот однатре пред ситуацијата да излезе од контрола. Тој веќе нареди распоредување на Националната гарда во неколку градови, а најави можни интервенции и во Чикаго, Атланта, Балтимор и во Њујорк.

„Внатрешните градови се голем дел од војната“, рече Трамп додавајќи дека нема да се двоуми да ги заштити луѓето од чумата што доаѓа однатре.

Настанот, кој чинеше милиони долари, ги собра речиси сите генерали и адмирали од активни борбени зони. Министерот за одбрана Пит Хегсет ги охрабри војниците да се дистанцираат од цивилното општество и од политичката коректност нарекувајќи ги класа над цивилите.

Говорот содржеше и низа политички пораки, меѓу кои критики кон Џо Бајден, имигрантите, медиумите и концептите за различност и инклузија. Трамп го нарече новото Министерство за војна клучно за одржување на редот во земјата алудирајќи на историски примери на домашна употреба на војската, но во контексти многу поинакви од денешните.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Талибанците го исклучија интернетот – авионите приземјени, банките блокирани, болниците едвај функционираат

Објавено пред

Животот во Авганистан е речиси парализиран откога талибанската власт го исклучи интернетот на национално ниво. На аеродромот во Кабул владее хаос – авионите не летаат, летовите се откажуваат, а семејства залудно чекаат свои блиски.

dobivaj vesti na viber

Банките се отворени, но не исплаќаат пари бидејќи системите не работат, што е тежок удар за граѓаните што зависат од дознаки од странство. Болниците, полицијата и итната помош се соочуваат со сериозни проблеми.

Властите тврдат дека станува збор за замена на стари оптички кабли, но граѓаните и меѓународната заедница стравуваат дека се воведува широка цензура и дополнителни ограничувања за правата на жените и девојчињата. „Амнести интернешнл“ предупреди дека оваа мерка има катастрофални последици за здравството, образованието и за испораката на хуманитарна помош.

Прикажи повеќе...

Свет

Поплава во Одеса однесе девет животи, меѓу нив и дете

Објавено пред

Најмалку девет лица, меѓу кои и осумгодишно дете, загинаа во украинскиот град Одеса по силно невреме и поплави, соопштија локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Спасувачките екипи во текот на ноќта евакуирале стотици жители, а досега се спасени 362 лица. Во поплавите загинале шест жени, двајца мажи и едно дете.

Обилните дождови за половина ден предизвикале количина на врнежи речиси еднаква на месечниот просек, што довело до прекини на струја и уривање на дрвја низ регионот.

Одеcка област, која е стратешки важна поради пристаништето на Црното Море, и во минатото била цел на руски напади врз инфраструктура и цивилни зони.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

„Политико“: Бугарија би можела да му се придружи на Орбан во блокадата на Украина, за да го зачува ветото кон Македонија

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, би можел да најде поддршка од повеќе земји во обидот да ја задржи блокадата за...

Македонија2 часа

Јаневска на првиот академски час на УКИМ: Студирањето во својата земја е најдобар избор

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на првиот академски час ја поздрави новата генерација студенти на Универзитетот „Св. Кирил...

Македонија3 часа

Судењето за „Онкологија“ одложено, одбраната бара Коцевски да ја преземе постапката

Судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и уште двајца онколози обвинети за несовесно лекување пациенти, е...

Македонија3 часа

Шукова од Аеродром им го вети на скопјани она што премиерот Мицкоски го најави минатата недела: бесплатни филтри на оџаците се добра и сериозна мерка

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денес, од Аеродром, на скопјани им вети бесплатни филтри за оџаците...

Македонија4 часа

Систем за влез/излез од ЕУ: за што сè треба да се подготват патниците

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври 2025 година, Европската Унија ќе почне со постепено воведување...

Европа6 часа

Експлозии и пукање во Минхен: едно лице загина, друго повредено

Голема полициска и противпожарна операција е во тек од раните утрински часови во северен Минхен откако се слушнале експлозии и...

Европа6 часа

(Видео) Гори една од најголемите рафинерии во Русија

Украински извори на социјалните медиуми објавија снимки од пожар во една од најголемите руски рафинерии во Јарослав. Изворите тврдат дека...

Свет7 часа

(Видео) Снимен момент кога силниот земјотрес ги погоди Филипините

Најмалку 60 лица загинаа, а повеќе од 140 се повредени во силен земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер...

Европа7 часа

Орбан: Европа е посилна од Русија, не знам зошто глумиме дека сме слаби

Унгарскиот премиер Виктор Орбан порача дека Унгарија би соборила руски беспилотни летала доколку влезат во нејзиниот воздушен простор. Еден новинар...

Свет8 часа

Трамп: Блиску сме до договор со „Харвард“, ќе платат 500 милиони долари

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека неговата администрација е блиску до договор со Универзитетот Харвард и рече дека таа...

Свет8 часа

(Видео) Силен земјотрес ги погоди Филипините: најмалку 60 мртви

Најмалку 60 лица загинаа, а повеќе од 140 се повредени во силен земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер...

Македонија18 часа

Додека светот ги забранува, ароматичните електронски цигари се помасовни кај нас: деветгодишни „вејпаат“ и бројат хитови

Повикот на Светската здравствена организација (СЗО) од мај годинава итно да се забранат ароматичните цигари за да се заштитат младите...

Македонија18 часа

Мицкоски: СДС и ДУИ бараат спас во корумпираното судство, тоа им е последно танго за избегнување одговорност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Струга, посочи дека една од картите на кои игра опозицијата, СДС...

Македонија20 часа

Коцевски: Објавените пораки за пожарот во Кочани се дел од доказите

Обвинителството води предистражна постапка за вработени во УЈП и други институции за повеќе кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката...

Македонија20 часа

Рекет во Скопје: Изнудувале пари со закани за убиство, организаторот од Дубаи

Обвинителството отвори истрага против тројца турски државјани за кои постојат сомненија за изнуда. Тројцата осомничени во група, со сериозна закана...

Регион21 час

Детали за пукањето во Белград: Напаѓачите дошле со комбе до кафулето и почнале да пукаат кон гостите

Репортерка на „Н1 Белград“ од Вишњичка бања, каде денеска околу 14:30 часот се случи пукање во кое пет лица беа...

Регион21 час

„Се пукаше од повеќе страни, луѓето се разбегаа“: Во пукање во Белград петмина ранети

Пет лица се повредени во пукање што се случи околу 14:25 часот во белградската населба Вишњичка бања. Според официјалните информации, повредени...

Македонија21 час

Извештај на Стејт департментот: Македонија отворена за инвестиции, корупцијата кочница за бизнисот

Водењето бизнис во Македонија е генерално лесно, а законската рамка е во голема мера усогласена со меѓународните стандарди, иако корупцијата...

Македонија1 ден

Мицкоски: Нека ме наречат заостанат, но формирањето многудентно семејство е највисок патриотски чин

Премиерот, Христијан Мицкоски, упати порака до граѓаните дека формирањето семејство, формирањето многудентно семејство е највисок патриотски чин на еден народ...

Македонија1 ден

Јаневска: Државата целосно го финансира учеството на талентираните ученици на меѓународни натпревари

Од оваа година, Министерството за образование и наука целосно ги покрива трошоците за пат и котизација на учениците и нивните...