Свет
Лукашенко: Никогаш нема да издавам наредби на војниците да се борат надвор од земјата

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави денеска дека никогаш нема да издава наредби на белоруските војници да се борат надвор од земјата.
„Немаше и нема да има наредба да ја напуштиме нашата земја“, рече Лукашенко на состанокот со официјалните лица, кои му го претставија извештајот за актуелните прашања на информациската политика, пренесе „Белта“.
Тој рече дека белоруските трупи ќе влезат во битка само ако „странските војници дојдат во земјата со лоши намери“.
На 25 август Министерството за надворешни работи на Украина ја повика Белорусија да ги повлече своите трупи од границата. Министерството, повикувајќи се на разузнавачки податоци, изјави дека е загрижено поради концентрацијата на значителен број персонал и воена опрема во регионот Гомел во близина на северната граница на Украина, пренесува „Танјуг“.
Портпаролот на белоруското Министерство за надворешни работи, Анатолиј Глаз, изјави дека Киев не испратил официјални барања до Минск за повлекување на своите војници.
Секретарот на Белорускиот совет за безбедност, генерал-полковник Александар Волфович, претходно изјави дека Белорусија е запознаена со сите вооружени групи создадени на територијата на Украина и е подготвена соодветно да одговори на провокациите доколку е потребно.
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека украинските беспилотни летала почнале редовно да ги нарушуваат југоисточните граници на земјата, а на границата на двете земји има повеќе од 120.000 украински воени лица.
Поради тоа, рече тој, белоруските војници биле принудени целосно да ја минираат територијата што граничи со Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фон дер Лајен: Русија ја тестира ЕУ и сака да сее поделба и страв во нашите општества

Европа е во најтешката ситуација од Втората светска војна, изјави денес данската премиерка Мете Фредриксен, домаќинка на неформалниот самит на Европската унија.
„Кога ја гледам Европа денес, мислам дека поминуваме низ најтешката и најопасната ситуација од крајот на Втората светска војна“, изјави Фредриксен пред почетокот на состанокот во Копенхаген.
Таа додаде дека против Европа се води хибридна војна. „Постои само една земја подготвена да ни се закани, а тоа е Русија, па затоа ни е потребен силен одговор“, додаде таа.
Главните теми на самитот се безбедноста и одбраната, вклучувајќи ја одбраната од беспилотни летала, помошта за Украина и миграцијата.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Русија ја тестира ЕУ и сака да „сее поделба и страв во нашите општества“. „Ние нема да го дозволиме тоа“, нагласи таа.
Францускиот претседател Емануел Макрон не зборува за војна, туку за конфликт со Русија. „Во конфликт сме со Русија, која е агресивна во информатичката област веќе неколку години, вклучително и за време на изборите, и која ги засилува кибер нападите“, рече Макрон.
Во однос на зајакнувањето на одбранбените капацитети, ЕУ има четири приоритети: вселенска одбрана, зајакнување на источниот крило, ракетна одбрана и заштита од беспилотни летала.
Ова ќе биде тема и на редовниот самит на 23 октомври во Брисел, а пред тоа се очекува Европската комисија да предложи распоред за спроведување на приоритетите.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Во Њујорк се урна дел од облакодер, се сомнева на експлозија поради гас

Во њујоршката населба Бронкс утрово делумно се урна облакодер, а првичните информации укажуваат на експлозија на гас како можен причинител, јавуваат локалните медиуми.
Инцидентот се случил нешто по 8 часот наутро во станбениот комплекс „Мичел хаусес“,. Станува збор за 20-катница во која, според противпожарната служба, се урнало окното за согорување отпад што се протега по целата висина на зградата.
🚨🇺🇸BREAKING: GAS EXPLOSION TRIGGERS BUILDING COLLAPSE IN NYC
Authorities confirm a partial collapse at 205 Alexander Ave in Mott Haven in the Bronx after a reported gas explosion.
Firefighters are clearing debris and searching the building with K-9 units, drones, and… pic.twitter.com/HnMpkX4m4j
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) October 1, 2025
На терен веднаш излегле бројни противпожарни екипи. Снимки од воздух прикажуваат десетици пожарникари кои ја проценуваат ситуацијата, додека на зградата јасно се гледа дека окното се одвоило од остатокот на конструкцијата.
Според првичните информации, се верува дека уривањето било предизвикано од експлозија на гас во самото окно за отпад. За среќа, од противпожарната служба соопштија дека засега нема пријави за повредени лица.
Истражувањето за точната причина на инцидентот е во тек, а властите се на терен за да ја обезбедат областа и да ги утврдат сите околности на настанот.
Свет
Хорор во Италија: Родители од Бангладеш ја тепале и дрогирале ќерка им за да ја натераат на договорен брак

Брачна двојка од Бангладеш, со живеалиште во Римини, Италија, е уапсена под сомнение дека ја тепале и дрогирале својата 18-годишна ќерка за да ја присилат да прифати договорен брак во Бангладеш, соопшти италијанската полиција.
Според истрагата, девојката била заклучувана дома, тепана и дрогирана, а при патувањето во Дака роднините ѝ одзеле документи и ја принудиле да зема лекови. Таму ѝ бил организиран состанок со маж постар од неа 10 години.
Таа успеала да контактира советувалиште за здравје на жени и преку нив и карабинерите, кои ја презеле на аеродромот во Болоња и ја сместиле на безбедна локација.
Родителите, на возраст од 55 и 42 години, се ставени во куќен притвор и се товарат за семејно насилство, присила и наведување на брак.